МЕСИ ЈА ДОНЕЛ ОДЛУКАТА Оваа изјава на Паредес ги загрижи сите во Аргентина

Иако сите сакаат капитенот да продолжи да игра, неговиот соиграч тврди дека одлуката веќе можеби е донесена.

МЕСИ ЈА ДОНЕЛ ОДЛУКАТА Оваа изјава на Паредес ги загрижи сите во Аргентина
Фото: Принтскрин

Во Аргентина во центарот на вниманието е иднината на Лионел Меси во националниот тим. Прашањето дали капитенот ќе продолжи да го носи дресот на „гаучосите“ повторно ја разбранува јавноста, откако неговиот соиграч Леандро Паредес сугерираше дека Меси можеби веќе донел одлука.

Во разговор за „Спорт дејли“, Паредес истакна дека сите во репрезентацијата сакаат Меси да продолжи да игра, но дека неговата одлука целосно ќе биде почитувана.

„Мислам дека тој веќе ја донел одлуката. Се надевам дека не е така и дека ќе продолжи да игра, но одлуката е негова. Што и да го прави среќен него, ќе нè направи среќни и нас“, изјави Паредес во видео објавено на платформата „X“.

Изјавата веднаш предизвика нови шпекулации за иднината на аргентинскиот капитен и можноста тој веќе да го одиграл последниот натпревар за националниот тим.

Меси досега не излезе јавно со конкретна одлука за својата репрезентативна иднина, поради што неизвесноста и понатаму трае. Во Аргентина, прашањето дали најголемата фудбалска ѕвезда на земјата ќе продолжи да игра за националниот тим останува една од главните спортски теми.

CATEGORIES
Share This