МУЦУНСКИ СО ЖЕСТОК ОДГОВОР ДО ОСМАНИ Вие сте последниот човек кој има право да држи лекции

Министерот за надворешни работи порача дека поранешниот шеф на дипломатијата добро знае што преговарал и што прифатил.

МУЦУНСКИ СО ЖЕСТОК ОДГОВОР ДО ОСМАНИ Вие сте последниот човек кој има право да држи лекции
Фото: Принтскрин

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, остро му одговори на поранешниот шеф на дипломатијата Бујар Османи, откако тој повторно се осврна на прашањето што е, а што не е дел од преговарачкиот процес со Европската Унија.

Муцунски, преку објава на Фејсбук, порача дека Османи е „последниот човек“ кој има право да држи лекции за тоа што било прифатено во преговорите. Според него, поранешниот министер добро знае што преговарал и што прифатил, како и во каква состојба ја оставил државата.

Тој го повика Османи да не ја троши енергијата на, како што вели, извртување на фактите и толкување на изјавите на други политичари.

Муцунски нагласи дека позицијата на актуелната Влада во однос на преговарачкиот процес е јасна и непроменета од самиот почеток.

„Повеќе од две години слушаме обвинувања дека ќе попуштиме, ќе се откажеме и ќе прифатиме сè што претходно било договорено. Наместо тоа, со дела покажавме доследност, принципиелност и јасна заштита на македонските национални интереси. Тоа денес е јасно и дома и кај нашите меѓународни партнери“, напиша Муцунски.

Во својата реакција, министерот се осврна и на политичкиот легитимитет на Османи. Тој порача дека политичар кој не ја добил довербата ниту од граѓаните во Чаир, ниту од своите соседи, по таков изборен резултат треба да покаже политичка одговорност и да се повлече од политичката сцена, наместо да продолжи да упатува критики и лекции во јавноста.

Муцунски додаде дека граѓаните имаат добра политичка меморија и знаат кој, според него, ја довел државата во актуелната состојба, а кој сега се обидува да ја избегне сопствената одговорност.

Реакцијата следува откако Османи вчера го коментираше ставот на Муцунски дека протоколите, односно записниците од разговорите, не се дел од Преговарачката рамка.

МУЦУНСКИ: ПРОТОКОЛИТЕ НЕ СЕ ДЕЛ ОД ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА СО ЕУ – Османи ликува: Тоа го зборував цело време

CATEGORIES
Share This