ОХРИД-КИЧЕВО СЕ ПРИДВИЖУВА Еве што ќе биде пуштено во следните месеци
Во следните месеци се очекува да бидат пуштени уште 10 километри, вклучувајќи ги најкомплицираните делници со тунели и галерии.

Фото: Принтскрин
Изградбата на автопатот Охрид–Кичево се одвива со забрзано темпо, а интензивно се работи на изградбата на галериите, стабилизацијата на земјиштето, мостовите и тунелите. Две галерии се целосно завршени, додека на третата интензивно се работи. Изградбата на галериите се покажала како ефикасно решение за стабилизација на земјиштето.
Паралелно се одвиваат и работите на стабилизација на теренот, довршување на мостовите, како и на двете тунелски цевки. На автопатот моментално се вози на 34 километри, а во следните неколку месеци се очекува за сообраќај да бидат пуштени дополнителни 10 километри кои се најкомплицираниот дел од овој автопат, каде што се наоѓаат тунелите и галериите.
CATEGORIES Бизнис


