НОВИ ПРАВИЛА, ПРВИ КАЗНИ Полицијата веќе санкционира возачи на електрични тротинети – еве за што се плаќа до 100 евра

Новиот закон стапи во сила на 14 јули, а полицијата досега изрече 12 парични казни за различни прекршоци.

НОВИ ПРАВИЛА, ПРВИ КАЗНИ Полицијата веќе санкционира возачи на електрични тротинети – еве за што се плаќа до 100 евра
Фото: Принтскрин

Полицијата веќе започна со санкционирање на прекршоците согласно новите правила за управување со електрични тротинети, а досега се изречени вкупно 12 парични казни.

Новите одредби од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата стапија во сила на 14 јули и предвидуваат построги правила за корисниците на електрични тротинети.

Највисоката досега изречена казна е во висина од 100 евра, а му е изречена на возач кој користел мобилен телефон додека управувал со тротинет.

Три лица се санкционирани со по 50 евра бидејќи управувале со електричен тротинет без заштитен шлем. Најголем дел од казните, односно девет, се изречени поради движење со тротинет на површини каде што тоа не е дозволено, за што е предвидена глоба од 80 евра.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека досега нема одземено ниту еден електричен тротинет. Сите санкционирани лица се полнолетни.

ОД ДЕНЕСКА НОВИ ПРАВИЛА ЗА ТРОТИНЕТИ Казни ако не ги почитувате

CATEGORIES
Share This