ОД ДЕНЕСКА НОВИ ПРАВИЛА ЗА ТРОТИНЕТИ Казни ако не ги почитувате

Минималната возраст за управување се зголемува на 18 години, задолжителен е заштитен шлем, а забрането е превезување друго лице на електричен тротинет.

ОД ДЕНЕСКА НОВИ ПРАВИЛА ЗА ТРОТИНЕТИ Казни ако не ги почитувате
Фото: Принтскрин

Од денеска стапуваат во сила новите правила за управување со електрични тротинети, предвидени со измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Со новите измени, електричен тротинет ќе може да управува само лице кое има наполнето 18 години, наместо досегашната старосна граница од 14 години.

Максималната дозволена брзина е ограничена на 20 километри на час на велосипедски патеки и велосипедски ленти, додека на тротоари, пешачки и мешани патеки останува ограничувањето од 6 километри на час.

При преминување на коловоз или пешачки премин, доколку нема велосипедска патека или велосипедска лента, возачите се должни да слезат од тротинетот и да го туркаат до преминувањето.

Новина е и целосната забрана за превезување друго лице на електричен тротинет. Во случај на прекршување на ова правило, ќе бидат санкционирани и возачот и лицето кое се превезува.

Дополнително, носењето заштитен шлем станува задолжително за сите возачи на електрични тротинети. И понатаму останува обврската за носење рефлектирачки елек при намалена видливост и во текот на ноќта.

CATEGORIES
Share This