ПАРЕДЕС СЕ ИЗВЛЕЧЕ – ФИФА донесе одлука по тепачката во финалето

Аргентинскиот фудбалер доби црвен картон по натпреварот, но ФИФА потврди дека тој нема да биде официјално евидентиран и против него нема да биде покрената дисциплинска постапка.

ПАРЕДЕС СЕ ИЗВЛЕЧЕ – ФИФА донесе одлука по тепачката во финалето
Фото: Принтскрин

Леандро Паредес беше меѓу најактивните фудбалери во инцидентите што се случија по завршувањето на големото финале на Светското првенство на стадионот „МетЛајф“.

Сепак, однесувањето на аргентинскиот репрезентативец нема да има дополнителни последици. ФИФА за „Би-Би-Си Спорт“ потврди дека црвениот картон што Паредес го доби по натпреварот нема да биде официјално евидентиран.

Од светската фудбалска организација, исто така, потврдија дека против аргентинскиот фудбалер нема да биде покрената дисциплинска постапка.

(ВИДЕО) ЗАВРШНИЦА ПО ФИНАЛЕТО ЗА ЗАБОРАВ Тепачка на теренот, црвени картони и Меси во центарот на скандалот

CATEGORIES
Share This