ТЕНЗИИ ВО ФУДБАЛОТ Чеферин не гледаше Шпанија – Аргентина поради одлука на ФИФА

Претседателот на УЕФА требаше да биде на големото финале, но во последен момент ја променил одлуката поради спорната одлука на ФИФА за американскиот репрезентативец.

ТЕНЗИИ ВО ФУДБАЛОТ Чеферин не гледаше Шпанија – Аргентина поради одлука на ФИФА
Фото: Принтскрин

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, не присуствуваше на финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, а според информациите, причината за неговото отсуство е незадоволството од начинот на кој ФИФА го реши случајот со американскиот репрезентативец Фоларин Балогун.

Словенечкиот функционер првично планирал да биде присутен на завршниот натпревар од турнирот. Чеферин, заедно со останатите членови на Советот на ФИФА, присуствуваше на свеченото отворање на Светското првенство во Мексико Сити на 11 јуни, па се очекуваше да биде дел и од големото финале.

Сепак, неговиот став наводно се променил по одлуката на Дисциплинската комисија на ФИФА во врска со казната за Балогун. Американскиот напаѓач доби суспензија од еден натпревар поради црвениот картон заработен во осминафиналниот дуел против Босна и Херцеговина на 2 јули. ФИФА подоцна одлучи да го измени начинот на кој ќе биде применета суспензијата, што предизвикало незадоволство кај првиот човек на УЕФА.

Овој случај е само еден од низата несогласувања меѓу европската и светската фудбалска федерација. Односите меѓу УЕФА и ФИФА подолг период се проследени со тензии и различни ставови за повеќе важни прашања во фудбалот. Отсуството на Чеферин од финалето дополнително ги нагласи несогласувањата меѓу двете највлијателни фудбалски организации.

CATEGORIES
Share This