БРИТАНЦИТЕ УДРИЈА БЕЗ МИЛОСТ Никогаш повеќе Светско првенство во САД

Британскиот весник жестоко го нападна организацискиот модел на турнирот, политиката на администрацијата на Трамп и одлуките на ФИФА, оценувајќи дека фудбалот станува сè покомерцијален и „американизиран“.

БРИТАНЦИТЕ УДРИЈА БЕЗ МИЛОСТ Никогаш повеќе Светско првенство во САД
Фото: Принтскрин

Британскиот весник „Индипендент“ упати остри критики кон организацијата на Светското првенство во САД, оценувајќи дека турнирот претставувал целосен неуспех и дека оваа земја никогаш повеќе не треба да биде домаќин на најголемиот фудбалски настан.

Повод за реакцијата е и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој изрази желба повторно да организира Светско првенство во САД, но без Канада и Мексико.

Во својата анализа, „Индипендент“ наведува дека Светските првенства честопати им даваат легитимитет на спорни режими, потсетувајќи на претходните турнири во Катар и Русија. Весникот истовремено ја критикува и американската надворешна политика, посочувајќи дека за време на шампионатот бил извршен напад врз училиште во Иран, при што, според текстот, загинале 168 лица, најголем дел деца. Дополнителна контроверзија, според авторот, претставува фактот што Трамп непосредно пред почетокот на турнирот добил мировно признание од ФИФА.

„Индипендент“ оценува дека вредностите на администрацијата на Трамп се во целосна спротивност со идејата за обединување преку спортот, осврнувајќи се и на говорот на актерот Том Круз, кој повикал спортот да ги зближува луѓето и да создава пријателства.

Во текстот се критикува и ФИФА, која се пофали со рекордни приходи од првенството. Според британскиот медиум, проширувањето на турнирот со повеќе репрезентации и натпревари донело поголема заработка, но и ја засилило перцепцијата дека финансискиот интерес е ставен пред квалитетот на натпреварувањето.

На крајот, весникот смета дека Европското првенство во 2024 година понудило многу подобра атмосфера и организација, додавајќи дека ФИФА не покажува интерес за таквите споредби. Заклучокот на авторот е дека фудбалот станува сè поамериканизиран и дека на САД не треба повторно да им се доверува организација на големи фудбалски натпреварувања.

CATEGORIES
Share This