КОЧАНЧАНЕЦ СО КРИК НА ПЛОШТАДОТ Петмина другари ми загинаа, каде се институциите?
Со својот чин, Кировски упати јасна порака дека болката и загубата не смеат да бидат заборавени, и дека институциите имаат обврска да ја преземат одговорноста и да ја покажат својата човечност.

Со необична, но моќна герила акција, Мартин Кировски од Кочани утрово го привлече вниманието на минувачите и јавноста. Врзан за бандера, со порака насочена кон институциите, тој побара правда и сеќавање за настраданите во трагедијата што го погоди неговиот роден град.
„Толку ли брзо го заборавивте Кочани?“, праша Кировски во драматичен апел, посочувајќи на несреќата во клубот „Пулс“ каде, како што изјави, животот го загубиле петмина негови блиски пријатели.
Со својот чин, Кировски упати јасна порака дека болката и загубата не смеат да бидат заборавени, и дека институциите имаат обврска да ја преземат одговорноста и да ја покажат својата човечност.
Акцијата брзо се прошири на социјалните мрежи, каде бројни граѓани изразија поддршка за барањата на Кировски и побараа надлежните органи да ја истражат трагедијата и да обезбедат поддршка за семејствата на загинатите.
Дали институциите ќе одговорат на овој повик за свесност и правда останува да се види.


