ТРАМП СО ПОСЛЕДЕН УЛТИМАТУМ ДО ИРАН Преговарајте или нема да ви остане ништо

Американскиот претседател најави дека воздушните напади ќе продолжат во наредните денови и предупреди дека операцијата ќе биде уште пожестока ако Техеран не прифати договор.

ТРАМП СО ПОСЛЕДЕН УЛТИМАТУМ ДО ИРАН Преговарајте или нема да ви остане ништо
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека воздушните напади врз Иран ќе продолжат во следните денови и дека ќе бидат уште поинтензивни доколку Техеран не се согласи на договор. Тој изјави дека во моментов не сака директни преговори со Иран, но нагласи дека контактите меѓу двете страни не се прекинати и дека иранските претставници сè уште се обидуваат да постигнат договор.

„Пораката беше едноставна и мора да постигнете договор или нема да ви остане ништо“, изјави Трамп.

Тој додава дека верува оти Иран нема друга опција освен да седне на преговарачка маса. Во интервју за „Фокс њуз“, американскиот претседател рече дека американските сили ќе продолжат со операциите „сè додека не проценат дека е доволно“, оценувајќи дека воените капацитети на Иран се значително ослабени.

„Единствениот начин да се преговара со нив е преку демонстрација на воена сила“, порача Трамп.

Според него, главните цели на американската операција се спречување Иран да развие нуклеарно оружје, обезбедување слободна пловидба низ Хормутскиот теснец и дополнително намалување на воените способности на Техеран. Трамп тврди дека и доколку нападите престанат веднаш, на Иран ќе му бидат потребни децении за целосно обновување на воената инфраструктура. Тој посочи дека енергетската инфраструктура засега не е главна цел, но не ја исклучи можноста тоа да се промени.

„Ја оставам енергетската инфраструктура за крај“, рече Трамп.

Тој додава дека потенцијални цели би можеле да бидат и електрани и мостови.

„Вечерва ќе ги погодиме многу силно. Истото ќе продолжи и во наредните ноќи, а следната недела ќе биде уште потешко ако не седнат на преговарачка маса“, предупреди американскиот претседател.

На прашањето за можноста за копнена операција, Трамп не даде конкретен одговор, но рече дека постојат други луѓе кои би можеле да ја предводат таквата кампања. Тој повторно го критикуваше нуклеарниот договор со Иран постигнат за време на администрацијата на Барак Обама, нарекувајќи го „безвреден документ“ и тврдејќи дека не успеал да ја спречи иранската нуклеарна програма.

CATEGORIES
TAGS
Share This