МЕЛАНИЈА ЈА ОТКРИ ВИСТИНАТА ЗА БРАКОТ СО ТРАМП Не станува збор за богатство, парите не можат да ја заменат љубовта
Првата дама на САД со години се соочуваше со шпекулации за мотивите во врската со Доналд Трамп, но таа тврди дека зад нивниот брак стоеле чувства, а не богатството

Иако ретко се изложува во јавноста и не е позната како личност која бара медиумско внимание, Меланија Трамп низ годините отворено зборувала за својот брак со Доналд Трамп и за начинот на кој таа ја гледа нивната врска. Првата дама на САД и поранешна манекенка од Словенија се запознале со Доналд Трамп во период кога таа имала 28 години, а тој 52. Нивната разлика во години уште од почетокот предизвикала голем интерес во јавноста, а често се појавувале и шпекулации за причините поради кои Меланија била во врска со познатиот бизнисмен.
Во интервју за ABC News во 1999 година, откако нивната врска станала јавна, Меланија ги отфрлила тврдењата дека богатството и славата на Трамп биле причината за нивната љубов.
„Луѓето што го кажуваат тоа не ме познаваат“, изјавила таа.
На прашањето како гледа на коментарите дека е необично млад модел да биде со многу постар и богат маж, Меланија одговорила дека материјалните работи не можат да ја заменат вистинската поврзаност меѓу двајца луѓе.
„Не можете да спиете, да се прегрнете или да разговарате со убави станови, автомобили и куќи. Може да имате сè тоа, но сепак да се чувствувате празно“, рекла таа.
Доналд Трамп ја запросил Меланија во 2004 година, а двојката стапила во брак една година подоцна. Во 2006 година го добија синот Барон. Трамп има уште четири деца од претходните бракови.
Години подоцна, Меланија повторно нагласи дека и покрај улогата на сопруга на претседателот, таа останува независна личност.
„Имам свое мислење, имам свое ‘да’ и свое ‘не’. Не секогаш се согласувам со она што го кажува или прави мојот сопруг, и тоа е сосема во ред“, изјавила таа во интервју во 2025 година.
Таа открила и дека отсекогаш се гледала себеси како традиционална прва дама, инспирирана од поранешната прва дама Џеки Кенеди.
„Ќе го поддржувам и ќе ги извршувам општествените должности. Би стоела покрај мојот сопруг“, рекла Меланија.
Нејзиниот престој во Белата куќа беше проследен со големо медиумско внимание, но и со критики поради нејзината помала јавна присутност. Таа, пак, смета дека јавноста често имала погрешна слика за неа.
„Му давам совети, понекогаш слуша, понекогаш не, и тоа е во ред“, изјавила таа, додавајќи дека отсекогаш останала верна на себе.
Меланија најави и продолжување на нејзината иницијатива „Биди најдобар“, со фокус на благосостојбата на децата, нивната безбедност на интернет и проблемите поврзани со злоупотребата на опиоиди.


