ЗЕЛЕНСКИ ОТКРИ: ПОВТОРНО ЈА ПОГОДИВМЕ МОСКВА Русија под нов жесток удар

Украинскиот претседател тврди дека се погодени стратешки цели во Московскиот и Ростовскиот регион, додека руските власти зборуваат за масовен напад со беспилотни летала.

ЗЕЛЕНСКИ ОТКРИ: ПОВТОРНО ЈА ПОГОДИВМЕ МОСКВА Русија под нов жесток удар
Фото: Принтскрин

Украина повторно удри длабоко во Русија, а претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави снимки од последиците од синоќешните напади врз цели на руска територија. Иако руските власти тврдат дека нападите биле изведени исклучиво со беспилотни летала, Киев порача дека во операциите биле употребени и средства со среден дострел.

Зеленски соопшти дека по вторпат во текот на неделата била погодена Москвската рафинерија, како и цели во Ростовската област и на окупираните украински територии. Според него, станува збор за легитимен одговор на руските напади врз украинските градови и инфраструктура.

„Нашите сили уште еднаш покажаа дека можат да стигнат до објектите кои ја одржуваат руската воена машинерија. Им благодарам на сите единици кои учествуваа во операцијата за нивната координација и прецизност“, порача Зеленски.

Тој нагласи дека украинските партнери ја забележале ефикасноста на нападите со среден и долг дострел, додавајќи дека е време конфликтот да заврши преку дипломатски чекори и дека Русија треба да покаже подготвеност за таков процес.

Во меѓувреме, градоначалникот на Москва, Сегеј Собјанин, соопшти дека руската престолнина во текот на ноќта била цел на десетици беспилотни летала, додека повеќе руски канали на Телеграм објавија информации за активирана противвоздушна одбрана во регионот.

CATEGORIES
TAGS
Share This