ПО ПОТПИСОТ СО ИРАН, ТРАМП ПОРАЧА Заканата е елиминирана, светот може да здивне

Американскиот претседател преку „Truth Social“ порача дека договорот со Иран носи поголема безбедност, економски раст и стабилност, додавајќи дека САД се посилни и попочитувани од кога било.

ПО ПОТПИСОТ СО ИРАН, ТРАМП ПОРАЧА Заканата е елиминирана, светот може да здивне
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата социјална мрежа „Truth Social“ се огласи по потпишувањето на Меморандумот за разбирање со Иран, истакнувајќи дека договорот придонесува за поголема глобална безбедност и економска стабилност.

„Нафтата повторно тече, Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје, а светот ќе биде побезбеден. Берзите бележат силен раст, бројот на работни места е на рекордно високо ниво, а цените продолжуваат да паѓаат и стануваат подостапни за граѓаните“, напиша Трамп.

Тој оцени дека Соединетите Американски Држави денес се „посилни, побезбедни и попочитувани од кога било досега“.

На крајот од објавата, Трамп кратко порача: „Нема на што.“

CATEGORIES
Share This