РАСЧИСТЕН СЛУЧАЈОТ Признал дека ги запалил дипломатските возила на бугарската амбасада во Скопје

Полицијата обезбедила видео снимки и материјални докази, а 44-годишниот скопјанец во станица го признал извршувањето на делото.

РАСЧИСТЕН СЛУЧАЈОТ Признал дека ги запалил дипломатските возила на бугарската амбасада во Скопје
Фото: Принтскрин

Секторот за внатрешни работи Скопје целосно го расчисти случајот со опожарувањето на две дипломатски возила во сопственост на Амбасадата на Бугарија во Скопје, што се случи на 15 јуни, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар вчера по итна постапка е поднесена кривична пријава против И.Д.С. (44) од Скопје, поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело „предизвикување општа опасност“.

Според МВР, во текот на истрагата биле обезбедени повеќе материјални докази, вклучувајќи снимки од видео надзор од неколку локации, како и облеката што осомничениот ја носел во моментот на извршување на делото.

„Во полициска станица осомничениот го признал извршувањето на кривичното дело“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Надлежните институции продолжуваат со понатамошните законски постапки во врска со случајот.

ЕКСПРЕСНА АКЦИЈА НА МВР За неколку часа фатен осомничениот за пожарот кај бугарската амбасада

CATEGORIES
Share This