ЕКСПРЕСНА АКЦИЈА НА МВР За неколку часа фатен осомничениот за пожарот кај бугарската амбасада

Осомничениот е приведен, а во координација со обвинителството се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.

ЕКСПРЕСНА АКЦИЈА НА МВР За неколку часа фатен осомничениот за пожарот кај бугарската амбасада
Фото: Принтскрин

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во краток рок го идентификувало и привело лицето осомничено за подметнување пожар на две службени возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

Како што информираат од МВР, веднаш по пријавата за настанот, која била примена денеска во 12:13 часот, СВР Скопје презело интензивни мерки и оперативни активности за расчистување на случајот и откривање на сторителот.

За стореното дело постои основано сомнение против И.Д. (44) од Скопје, кој е лишен од слобода и задржан во полициска станица.

Во текот на истрагата била пронајдена и облеката што осомничениот ја носел во моментот на извршување на делото.

Од МВР посочуваат дека во координација со надлежен јавен обвинител се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот, по што против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по итна постапка.

ВОНРЕДНА РЕАКЦИЈА НА ВЛАДАТА Опожарени дипломатски возила кај бугарската амбасада

CATEGORIES
TAGS
Share This