ВОЗНЕМИРУВАЧКО ОТКРИРИЕ ВО СТРУГА Тело на момче пронајдено во езерото
Лекар констатирал смрт, а на телото не биле пронајдени траги на насилство.

Фото: Принтскрин
Тело на 20-годишно момче е пронајдено во водите на Охридското Езеро кај „Машка плажа“ во Струга, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, случајот бил пријавен на 15 јуни 2026 година во ОВР Струга, откако на струшкото крајбрежје било забележано безживотно машко лице во езерото. Телото веднаш било извлечено и пренесено во Општата болница во Струга.
Лекар од болницата констатирал смрт, при што не биле утврдени видливи траги на насилство.
По преземените мерки и активности, полицијата утврдила дека станува збор за С.С. (20) од струшкото село Октиси.
Од МВР информираат дека се преземаат дополнителни мерки за целосно расветлување на околностите поврзани со настанот.
CATEGORIES Македонија


