ТЕНЗИИ НА МАКСИМУМ – САД и Иран најавуваат договор, Израел не попушта
Драматичен пресврт во преговорите меѓу САД и Иран, Нетанјаху со јасна порака дека војната продолжува.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му соопштил на американскиот претседател Доналд Трамп дека Израел ќе ја продолжи воената операција во Либан, и покрај напорите на САД и Иран за постигнување договор за намалување на тензиите, објави израелскиот портал Ynet, а пренесува РИА Новости.
Според израелски извори цитирани од медиумот, Нетанјаху јасно ставил до знаење дека повлекување на израелските сили од Либан не е дел од обврзувачките услови во евентуалниот договор со Иран. Тој исто така нагласил дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) ќе останат на своите позиции во соседната држава и ќе продолжат со операции против Хезболах.
Министерот за одбрана Израел Кац дополнително изјавил дека израелската армија нема да прави компромиси и ќе ја задржи контролата врз тампон зоните во Либан, Сирија и Газа.
Во меѓувреме, САД и Иран соопштија дека е постигнат меморандум за разбирање, чиј официјален договор е најавен за 19 јуни. Документот предвидува прекин на воените дејствија на сите фронтови, вклучително и во Либан.
И покрај дипломатските напори, израелските воени операции продолжуваат. Во неделата, ИДФ изврши напади врз јужните предградија на Бејрут, при што беа погодени два стана во станбена зграда. Либанската новинска агенција ННА соопшти дека во нападите загинале три лица, а 15 се повредени.
ИСТОРИСКИ ПРЕСВРТ – САД и Иран постигнаа договор, ова се клучните точки


