ИСТОРИСКИ ПРЕСВРТ – САД и Иран постигнаа договор, ова се клучните точки
Иранската агенција Мехр откри дел од клучните точки што ќе бидат основа за конечните преговори,

Премиерот на Пакистан, Шехбак Шариф, објави дека САД и Иран постигнале мировен договор со кој се предвидува итен и траен прекин на непријателствата на сите фронтови, вклучително и во Либан.
Во објава на социјалната мрежа X, Шариф соопшти дека официјалното потпишување на договорот е закажано за 19 јуни во Женева. Тој им се заблагодари на Вашингтон и Техеран за определбата кон дипломатско решение, како и на Катар, Саудиска Арабија и Турција за нивната посредничка улога во постигнувањето на договорот.
Претходно, Домалд Трамп изјави дека очекува договорот меѓу Вашингтон и Техеран да биде финализиран и потпишан во текот на денот, нагласувајќи дека неговата цел е да се спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје.
Според иранската новинска агенција Mehr News Agency, нацрт-договорот содржи 14 точки. Меѓу најважните одредби се траен прекин на непријателствата, целосно укинување на поморската блокада во рок од 30 дена, повлекување на американските сили од близина на Иран и повторно отворање на Хормутскиот теснец.
Документот предвидува и привремена суспензија на санкциите за извоз на иранска нафта, како и ослободување на 24 милијарди долари замрзнати ирански средства во текот на преговарачкиот процес. Воедно, конечен договор за нуклеарните прашања треба да биде постигнат во рок од 60 дена од потпишувањето на спогодбата.
Според информациите на Мехр, конечните преговори нема да започнат додека не бидат ослободени најмалку половина од замрзнатите ирански средства и додека не се укинат ограничувањата за пловидба низ Хормутскиот теснец.
Агенцијата додава дека прашањата поврзани со иранската ракетна програма и поддршката на Техеран за регионалните групи на отпор се отстранети од агендата на претстојните разговори.
Текстот на договорот, според најавите, ќе биде објавен по официјалното потпишување во Женева на 19 јуни.
ТРАМП: ИМАМЕ ДОГОВОР СО ИРАН Се откажуваат од нуклеарно оружје


