ГРАЃАНИ ГО БРАНАТ ЈАКИМОВСКИ Ова е монтажен објект, не градба

Граѓани излегоа пред поранешната општина, тврдат дека се работи за неправда кон Јакимовски.

ГРАЃАНИ ГО БРАНАТ ЈАКИМОВСКИ Ова е монтажен објект, не градба
Фото: Принтскрин

Група граѓани денеска се собраа пред објектот во кој претходно беше сместена Општина Карпош, изразувајќи поддршка за градоначалникот Стевчо Јакимовски и несогласување со постапките што се водат против него.

Една од присутните во своето обраќање пред јавноста изрази изненадување од информациите дека Јакимовски би можел да се соочи со приведување или осуда поради објектот што се наоѓа зад нив. Друг присутен, пак, демонстрираше дека објектот е од монтажен тип, активирајќи механизам за демонстрација на неговата конструкција.

„Оваа барака е од времен карактер, монтажна е и може во секој момент да се демонтира. Овде нема цигли, нема малтер, нема армиран бетон и сè е изведено како монтажен систем“, изјави тој.

Според неа, објектот бил изграден за потребите на општинската администрација и требало да претставува привремено решение, со кое се намалуваат трошоците за изнајмување простор.

Поддржувачите истакнаа дека конструкцијата може целосно да се расклопи и повторно да се постави на друга локација.

„Кровната конструкција, прозорците и панелите можат да се демонтираат и повторно да се монтираат на друго место. Со тоа се покажува дека не станува збор за објект од цврста градба“, порачаа тие.

На собирот беше упатен и апел до судските институции да постапуваат непристрасно и правично.

„Го молиме судството да се издигне над сите влијанија и да обезбеди фер постапка. Овој човек направи многу за општината и заслужува правичен третман“, беше порачано на крајот од собирот.

Јакимовски е предмет на судска постапка поврзана со изградбата на објектот, а конечната одлука ќе ја донесат надлежните институции.

СЕ БОРИ ДО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ Јакимовски не се предава и побара одложување на затворската казна

CATEGORIES
Share This