ТЕМПЕРТАТУРИТЕ ОДАТ ДО 34 СТЕПЕНИ Еве какво време нè очекува денес

УХМР најавува сончево и топло време додека во одредени региони ќе има повремено засилен ветер.

ТЕМПЕРТАТУРИТЕ ОДАТ ДО 34 СТЕПЕНИ Еве какво време нè очекува денес
Фото: Национал

Денеска, 15 јуни, Македонија ќе биде под влијание на сончево и топло време, проследено со мала до умерена локална облачност. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, утринските температури ќе се движат од 8 степени, додека максималните дневни ќе достигнат до 34 степени Целзиусови.

Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен правец во западните делови на земјата, со можни повремени засилувања. Во Повардарието и источните региони ветерот ќе биде од југоисточен правец.

Во главниот град Скопје времето ќе биде сончево и топло, со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а температурите ќе бидат пријатно високи во текот на денот.

CATEGORIES
Share This