Развојот и социјалната димензија во образованието на Република Словенија за периодот 2004-2025/2026 година
Образовниот систем во Словенија е примарно финансирањето од јавните средства. Исто така, и приватните институции остваруваат право на финансиска подршка од страна на државата.

Колумна, Национал
Ѓорѓи Илиевски, виш просветен инспектор во пензија
Недела, 14 јуни 2026 година.
Република Словенија земја која стекнала независност во 1991 година и која од 2004 година е членка на Европската унија, од поднесениот извештај од страна на Државниот статистички завод на Република Словенија за социјалната димензија на образованието во Словенија за 2004 година, во заклучоците и препораките се истакнува дека: Словенија постигнува многу добри постигања (резултати) во многу индикатори на развиеноста во социјалната димензија во образовните столбови: Предучилишното воспитание и образование, Основното образование, Средното образование, Високото образование, Образование на возрасните како и други аспекти за овој период, што не ја имаат изгубено образовната актуелност и во денешниот период од 2025-2026 година и понатака често надминувајќи го просекот на Европската унија. Па се наведува:
- дека припаѓа на самиот врв на Европската унија по рамноправната распоределба на доход;
- дека остварува подобри резултати на подрачјето во избегнување појави на сиромаштија кај младите од европскиот просек;
- дека стапката на вклученост во основното образование е 100 отсто;
- дека постапката на младите од 22 години со завршено средно образование повеќе години изнесува околу 90 отсто;
- дека скоро половина млади на возраст од 19 до 24 години е вклучено во високото образование;
- дека вклученоста во програмите за образование на возрасните е подобра од европскиот просек;
- дека принципот инклузивност е доминантен начин на образование на децата со посебни потреби;
- дека во споредба со просекот на земјите на ОЕЦД и земјите на ЕУ, Словенија над просечно вложува во образованието и
- дека припаѓа на групи на земји со најнизок процент на рано напуштање на школување во Европа.
Од страна на Државниот статистички завод на Република Словенија за социјалната димензија на образованието во Словенија за 2004 година се истакнува дека 12 посто од словенечкото население живеело под границата на сиромаштија, во споредба со просекот на Европската Унија од 16 отсто. По Џини коефицентот за Словенија ( Џини коефицентот варира од 0 отсто до 100 отсто износ од 0 отсто значи да сите лица во наведената заедница примаат еднакви приходи, додека износот ид 100 отсто значи како едно лице прима ги прима сите приходи) изнесувал 23 отсто, што е една од најниските вредности во Европската Унија (ЕУ). Најнизок Џини коефицент во ЕУ имаат само Шветска и Данска, што значи дека Словенија е на самиот врв на Европската унија по рамноправна распределба на доходот. Наведените макро индикатори укажуваат како Словенија успешно ги развива моделот на социјално-трговската економија.
Со појавата на економската криза која во средината на 2008 година, ја зафати Европа и целиот свет, европските социјални држави беа ставени пред нови предизвици да низ своите социјални програми ги ублажат тие удари. Од заедничкиот извештај за социјалната заштита и вклучување на Советот на Европската унија во таа година, беше особено важно да се зголеми интеракцијата помеѓу мерката за зголемување на вработувањето и мерката за заштита на групите кои се посебно изложени на ризик. Во извештајот особено се истакнува сиромаштијата меѓу децата Роми, мигрантите, лицата со инвалидитет како и групи на кои треба да се насочат социјалните мерки. Во рамките на образовната политика во извештајот се истакнува важноста на предучилишното воспитание и образование, што ја игра фундаменталната улога како и исправање на социоекономските нееднаквости, како и взаемните работни и родителски обврски. И затоа се истакнува важноста за безбедноста на квалитетот во училиштата, борбата против прераното напуштање на образованието, односно подобрување на пристапот до образование на загрозените групи (2009). Советот на Европската унија е таа што ги дефинира главните теми и политики за инклузивното образование како денес се сватени во Европската унија. Со овој извештај се обидуваат накратко да се прикаже како со наведените предизвици се носи Словенија, земја која стекнала независност (како што наведов) во 1991 година и која од 2004 година е членка на Европската унија.
Ако во горенаведениот поднесен извештај од страна на Државниот статистички завод на Република Словенија за социјалната димензија во образованието Словенија за 2004 година, се истакнува дека 12 посто од населението живеело под границата на сиромаштија, во споредба со просекот на Европската Унија од 16 отсто.
Тогаш се поставува прашањето: која е релативната сиромаштија во периодот од 2004 – 2006 година во Република Македонија? Според социјалната статистика во годините:
- се 2004г. – вкупен збирен индекс на сиромаштија 29,6 отсто,
- во 2005г.- вкупен збирен индекс нa сиромаштија 30 отсто, и
- 2006г.- вкупен збирен индекс на сиромаштија 29,8 отсто
Извор: Државен завод за статистика (ДЗС, РМ.2007 г)
Предучилишното воспитание и образование (ПВО) во Република Словенија
Во Словенија предучилишното воспитание опфаќа и образование и грижа за децата од крајот на породувањето до моментот кога детето оди во задолжителното образование, што е регулирано со Законот за регулирање и финансирање на образованието и Законот за градинки донесен од 1996 година. Во Словенија (2008/2009) работаат вкупно 845 градинки кои ја организираат работа во 3 878 групи на деца. Во училишната 2008/2009 година, градинки следат 19 497 деца (Статистички завод РС,2009). Од податоците од 2007 година најголемиот дел од децата (98 отсто) следат цел програм, додека само 2 отсто следеле попладневни или друг програм со намален обем.
Според податоците помеѓу 2003 и 2008 година вкупниот опфат на децата вклучени во предучилишното воспитание има особен пораст, од 60,6 отсто на 70 отсто (пример: 2003 година 60,6 отсто опфат на деца, па 2004г. 61,4, 2005г. 63,6 отсто, 2006г. 64,7 отсто, 2007г. 67,2 отсто и 2008г-70,00 отсто. ( Извор:Еуродице 2009, Статистички завод РС) Во споредба,1980 година опфатот на деца во предучилишниот опфат изнесувал 32 отсто (ОЕЦД,2004).
После училишната 2008/2009 година, бројот на деца запишани во градинките во Словенија е зголемен за 7,7 отсто во однос на предходната 2008 година кој изнесувал 70 отсто. Во однос на предходните години, особено е зголемен бројот на деца на возраст од три години на старост, за 18,4 отсто, додека број на деца на возраст од три години па нагоре е зголемен за 3,5 отсто ( статистички податоци од РС,2009). Европските цели се дефинирани на Барцелонските процеси како земјите членки кои треба да постигнат 90 отсто вклучување на децата (нивен опфат) на возраст од три години до почетокот на училиштето, односно 33 отсто вклученост на децата помлади од три години. Идните проценти на опфат на децата на возраст од до три години изнесуваат 49 отсто, додека напредокот во постигнување на првата цел во иднина да се опфатат деца на возраст од три години па нагоре (3-5 години) во моментот е 84 отсто. Од тие причини, Министерството за образование и спорт во 2007 година, подготвил и објавил план како да го зголеми процентот на 90 отсто. За да се постигне тој процент, словенечкото Министерството за образование и спорт го ревидира законот во текот на 2008 година и, се усвоени промените со што родителите се ослободени од предучилишни плаќања за секое наредно дете после првото.
По ревидирањето на законот, родителите плаќале зависно од висината на нивните примањата, па давачките се движеле од 10 до 80 отсто на предучилишните установи. Во натамошните активности државата планирала да ги зголеми издвојувањата за предучилишното воспитание од 2010 година и понатака да развива јавна контрола над родителите кои ги чуваат децата, бидејќи во иднина е дејност во делот на сивата економија. Словенечкото министерството за образование и спорт, отворил Е-регистер, достапен на интернет, што содржи информации за достапните места во предучилишните установи. Со наведениот Е-регистер им се овозможило на локалните и државните институции да ги пратат постигањата на предучилишните програми.
Предучилишните установи во Република Македонија и опфатот на деца од 2003-2009г.
Извршените истражувања и анализи од страна на (УНДП 2003) во однос на социоекономските диспаритети меѓу општините во Македонија на предучилишното воспитание и образование, децентрализацијата предизвикува сериозни проблеми.
Имено, со предучилишното воспитание се опфатени вкупно 36 605 деца, од кои 21 804 (59,56 отсто) се во предучилишните установи, а 14 801 (40,44 отсто) во забавишната група-нултата група при основните училишта. И покрај тоа што опфатот во годината пред поаѓање на училиште изнесува 82,23 отсто загрижува фактот дека опфатот на деца во предходните години со организирани форми на предучилишното воспитание е околу 20,67 отсто, од аспект на децентрализацијата која има исклучителна важност.
Во таа насока се поставува прашањето: колку ќе бидат моќни и одговорни локалните власти да го зголемат опфатот, односно дали го сфатиле значењето на предучилишното воспитание и образование и дали ќе имаат доволно средства за отворање на предучилишни капацитети? Ако се знае дека предучилишните установи претежно се јавни и приватен капитал, доминантно се отвораат во поголемите урбани средини, и тоа во побогатите општини, со назначена маргинализација на руралните средини, место за оптимизам нема. Можеби опфатот на деца ќе се зголеми, но и понатаму ќе остане голема разлика во стартните компетенции меѓу децата кои посетувале и оние кои не посетувале предучилишни установи.
Конечен опфат на деца на возраст од 0 – 6 години во македонските предучилишни установи
- 2006 г. – 11,4 отсто стапка на учество
- 2007 г. – 15,6 отсто
- 2008 г. – 16,5 отсто
- 2009 г. – 16,8 отсто
Опфатени деца на возраст од 3 до 6 години во предучилишни установи
- 2006 г. – 14,4 отсто стапка на учество
- 2007 г. – 19,8 отсто
- 2008 г. – 21,4 отсто
- 2009 г. – 23,4 отсто
Крајно лошата образовна структура на населението, малиот опфат и високиот процент на осипување во редовните степени на образование, големиот диспаритет во компетенциите кај децата пред поаѓање на училиште (голем број на деца го започнуваат школувањето со ниски стартни знаења и способности што подоцна се рефлектира со слаб успех, осипување или апстинирање од натамошното образование), значајно осипување на преминот од основно во средно образование (16,65 отсто) и потребата од зајакнување на компетенциите за работна и социјална инклузија на населението ја принудија Република Македонија во 2005 година, да го зголеми образованието на девет(9) години, за во 2006 година, да го зголеми уште повеќе со донесување на закон со кој и средното образование се прогласува за задолжително (Закон за основно образование, Службен весник на РМ.бр.103/08 и Закон за средно образование,Службен весник на РМ.бр.33/10).
И покрај гореистакнатото за системската и континуираната поставеност на системот на воспитание и образование, сепак, во практиката наидуваме на одредени проблеми и потешкотии во однос на континуитетот и дисконтинутетот. Пример, предучилишното воспитание и образование како основно и базично во кои се поставуваат основите на воспитанието, развојот и формирањето на детската личност е во дисконтинуитет со основното образование како постулатно кое се надоврзува на предучилишното, наидува на проблеми и потешкотии во програмско-курикуларна поставеност во третманот и поставеноста, бидејќи се’ уште се наоѓа и се третира со Законот за детска заштита и е под ингеренции на Министерството за труд и социјална политика, што не е случај во многу земји. Истиот случај е и со основното деветгодишно и задолжително средно образование кои се во дисконтинуитет, бидејќи и едниот и другиот степен се задолжителни и не даваат можности за продолжено целосно општо образование и за разгранет систем на средно стручно-вокационо образование. Од тие причини од трансформирањето треба да се направат напори за континуирано степенасто образование и коригирање на слабостите пропустите од дисконтинуираното степено образование кое во практиката наидува до одредени тешкотии.
Анализата на состојбата на предучилишното воспитание и образование, според податоците на Државниот завод за статистика на Република Македонија (Установи за згрижување и воспитание на деца, детски градинки/центри за ран детски развој во 2023 година, 30.09.2023), покажува значителен јаз помеѓу актуелниот опфат (47отсто за деца од 3-5 години) и европската цел од 96 отсто. И покрај зголемувањето на капацитетите за 1.072 места, недоволниот опфат е нерамномерната застапеност, особено кај деца од ранливи групи и различни региони, остануваат клучни предивици за системот.
Задолжително образование во Република Словенија
Следната реформа која започнала во 1999 година во Словенија е основното образование, кое е воедно и задолжително, продолжено од 8 на 9 години. Училиштата во минатите години се прилагодувале на работа и работеле према деветгодишниот степен, односно од 2009 година, повеќе нема осмогодишно образование. Основното образование е поделено во три циклуси. Структурата на задолжителното образование во Словенија опфаќа: првиот циклус ги опфаќа децата на возраст од 6 до 8 години, вториот на возраст од 9 до 11 и третиот циклус деца на возраст од 12 до 14 години . (Извор: Еуродице,2008).
Со измените и дополнувањата на Законот за задолжително образование, кој е усвоен во 2006 година е укината десеттата година која порано била незадолжителна. Оние кои со успех го завршиле задолжителното образование им се овозможува на децата продолжување на образованието во средноучилишниот систем како понатамошен степен. Додека, учениците кои не успеале да го завршат деветгодишното основно образование, имаат право да останат во основното училиште уште две години. Исто така, и учениците со посебни потреби имаат право на три додатни години, а тој период во посебни услови можат да продолжат на шест години во согласност на Законот за основно образование.
Во Словенија стапката на опфат на децата во основното образование е 100 отсто (УНИЦЕФ,2009), со што Словенија им припаѓа во групата на развиени земји и ги надминува во просек другите земји во регионот на Југоисточна Европа. Но, од друга страна Словенија се судрува со проблем од негативен демографски раст, па така паѓа бројот на родени кои се одразува во падот на бројот на запишани во основното образование од 11 отсто во период од 2000 до 2007 година (Статистички завод на РС,2009).
Клучната карактеристика на словенечкото основно-образовен систем за училишната 2007/2008 година, според статистичките податоците кои се наведени во училишната година во Словенија завршиле 166 060 ученици. Ако се земаат во предвид повозрасните и ако се анализираат податоците за децата во основното образование, може да се констатира дека само 0,9 отсто ученици се издвоени во специјализирани основни училишта, додека сите други деца го следат редовното училиште. До колку се има во предвид дека просечниот збир на лица со посебни потреби во општата популација е околу 10 отсто, тогаш таквиот податок укажува на висок степен на вклучување на децата со посебни потреби во редовните основни училишта. Во овие рамки, а поврзано за напуштање на основните училишта без завршување на основно образование, тој број во училшната 2007/2008 година, изнесува 303 деца, односно искажано во проценти е 1,6 отсто.
Задолжителното средно образование во Република Словенија
Структурата на средните училишта во Словенија, може да се каже дека е релативно сложен систем што овозможува следење на разновидни стручни програми во траење од една до четири години, односно следење на гимназиските програми.
Моделот на средноучилишното образование во Словенија, е следен:
- Гимназија – опфат на деца од 15-18 (4 години)
- Средно техничко и стручно образование – опфат на деца од 15 – 18 (4 години)
- Средно стручно образование – опфат на деца од 15-17 ( 3 години, некои програми се 2,5 години)
- Стручно техничко образование – опфат на деца 18 – 19 (продолжение на тригодишните стручни програми)
- Знаење за полагање на матура, стекнување квалификации (ISCED 4 посредно образование) – една година и
- Стручни знаења за стекнување квалификации ISCED 4- една година (според изворот Еуредице,2008)
Учениците од првите две групи на училишта по завршувањето на средноучилишното образование (Гимназија, средно техничко и стручно образование) полагаат државна матура и понатака ги продолжуваат образованието во терцијалното скалило, односо високо образование. Учениците можат да бираат помеѓу општа матура и стручна матура. Општата матура се состои од пет делови: математика, мајчин јазик, странски јазик и два изборна предмета, додека стручната матура се состои од четири дела: математика, мајчин или странски јазик и два изборна предмета. Студентите кои завршиле тригодишни програми и тие полагаат завршен испит- на кои им се овозможува пристап до пазарот на трудот или вишото стручно образование. Во колку сакаат да полагаат матура со цел да се запишат на понатамошно студирање, можат да полагаат таканаречено матурско знаење-испити.
Што треба да се напомене
Треба да се напомене дека словенечкото средноучилишно образование е бесплатно и насочено кон младите од 15 и 19 годишна возраст. Проценките во 2007/2008 година се дека сите ученици кои завршиле задолжително образование (основно) го продолжиле образованието во средноучилишните степени. Во неколкуте поминати години расте интересот на запишување на гимназиските програми, кои достигнале до 41 отсто во училишната 2007/2008. Што се однесува на интересот на завршените средноучилишни програми од 21.762 ученици кои завршиле средноучилишно образование во наведената година 38 отсто завршиле гимназија, 29 отсто положиле стручна матура во четиригодишните технички и стручни училишта, и 20 отсто завршиле кратки стручни програми. Со почетокот на тековната училишна година скоро 80 отсто средношколци биле запишани на високообразовни степени (Статистички завод РХ, 2009). Ова е битен податок со перспектива за постигањата на Лисабонската цел на доживотното учење, бидејќи се зборува за тоа колку проценти млади можат без пречки да го продолжат образованието.
Па така, во Словенија процентот на младите од 22 години со завршено средно образование веќе неколку години изнесува околу 90 отсто, со што Словенија ја надминува целта на Европската унија од 85 отсто од младите на возраст од 22 години со завршено средно образование до 2010 години ( Министерство за образование и спорт,2008). Меѓу популацијата помеѓу 25 и 64 годишна возраст во Словенија е 89,4 отсто, лица со завршено средно образование, во споредба со Европската унија со просек од 77,8 отсто (ибид).
Ако се направи споредба со промена во проценти на популација помеѓу 20 и 24 годишна возраст со завршени средноучулишно образование (ИСЦЕД 3) во ЕУ и САД во периодот од 2000 – 2005 година е следен: Земји на ЕУ 25: 2000г. – 76,6, 2001г. – 76,5, 2002г. -76,7, 2003г. – 76,9, 2004г. – 77.1, 2005г. – 77.
САД: 2000 -85,5, 2001 – 94,8, 2002 – 84,5, 2003 – 85,6, 2004 – 85,9, 2005 – 85,9 Извор: (EURA,2006).
Од добиените податоци од Министерството за образование и спорт(2007), се наведува дека од 1995 година, 90 отсто од учениците успешно ги завршуваат средните училишта без некое битно менување, така што во 2006 година, изнесува 92,6 отсто. Повторување на годините е најчесто кај учениците од струковите училишта (стручни) околу 4,5 отсто во 2005/2006 година, а поретко кај учениците во гимназиите кој е под 2 отсто.
Високото образование во Република Словенија
Надлежно за високото образование во Словенија е Министерството за високо образование наука и технологија (предучилишното воспитание, основното и средното образование е во рамките на министерството за образование и спорт, додека високото образование е посебно и е во надлежност на Министерството за високо образование наука и технологија). Високото образование е поделено на стручно и свеучилишно образование( универзитети-факултети). Програмите на високото образование се нудат на јавните и приватните универзитети односно на самостојните високи школи ( самостојни високошколски заводи). Универзитетите и факултетите нудат академски како и професионално насочени програми, додека високите школи нудат примарно професионално – насочени програми. Стручното високо образование е регулирано со Законот за високо стручно образование од 2004 година, со кој се вовел нов начин на организација на стучните високи школи. Според новиот состав на високи стручни школи се доделува квалификација (ISCED 5B кратки циклуси во високото обраование) каде што можат да ги продолжат студиите према дипломата.
Бројот на институции кои се спроведува во високото образование расте. Додека бројот на на високи училишта кои нудат стручни програми растат побрзо од бројот на свеучилишните институции. Во периодот од 2000 до 2007 година се основани 33 нови институции. Во академската година 2006/2007 година, има 50 високи школи, од кои повеќе од половина се приватни, каде се нуделе 22 стручни програми. Во периодот од 2001 до 2006 година, бројот на дипломирани со стручни високи школи пораснал 600 отсто ( УНЕСКО,2008).
Со почетокот на академската 2005/2006 година почнало да се воведува троцикличен систем према Болоњскиот процес. Со спроведувањето на студиските програми и према стариот и према новиот систем, по академска 2008-2009 година е последна година со такви паралелни програми, тој систем од академска 2009-2010 година во потполност преоѓа на Болоњската структура. Критериумите за упис на високото образование се пропишани во согласност со Законот, па така во поединечни случаеви се разликуваат зависно од курикулумите. Во институциите каде што има поголемо побарување отколку потребни места за запишување (упис), при запишувањето се земаат во предвид резултатите од матурата, оценки по одредени предмети кои се проценуваат како релевантни и понекогаш и додатни тестови на вештини.
Во академската 2008-2009 година студирале вклупно 114 391студенти во Словенија, од кои 98 128, студенти (86 отсто) студирале на универзитетите и факултетите, додека 16 253 студенти (14,2 отсто) студирале на стручните програми на високите школи (Статистички звод на РС,2009). Поголем број студенти студирале општествени науки. Во истата академска 2008-2009 година, се спроведува 282 студиски програми, од кои 55 отсто се усогласени со принципот на Болоњскиот процес.
Како резултат од наведените мерки за ширење на образовните побарувања, образовната структура на населението во Словенија се подобрува. Дел од популацијата на возраст од 25-64 години во 2006 година е со високо образование и таа година изнесува 21,5 отсто, што е процентуален пораст за околу 6 отсто во однос на 2000 година, таквиот просек ја носи Словенија блиску до просекот на Европската унија. Па, според податоците за академската 2008-2009 година, скоро половина млади на возраст од 19 до 24 години е вклучено во високото образование (Статистички завод РС,2009), додека во ЕУ тој просек е под 30 отсто (Министерство за образование и спорт,2007).
Образование на возрасните во Словенија
Во Словенија за образованието на возрасните се грижи Андрагошкиот центар на Република Словенија, кои од 1991 година делуваат како место за истражување, развојно и советодавно тело за образование на возрасните. Словенија како членка на Европската унија е обврзана да ги спроведува мерките за исполнување целите на Лисабонската стратегија од 2000 година, делот кој го сочинува и доживотното учење. Политиката на доживотното учење во поголем дел е насочена на развој на образованието за возрасните. Во склоп на наведените мерки, Андрагошкиот центар на Република Словенија ги спровел истражувањата кон крајот на 2007 година со што би добил целосен увид во делот на образовниот состав. Од извршените истражувања резултатите се: 40 отсто на возраст од 25 до 64 години кои учествувале во образованието, така што учествувала млада популација (25-34 години) околу 50 отсто, додека учествувањето на популацијата од 50 до 64 годишна возраст е само 27 отсто. Повеќе од дветретини ученици во образованите програми за возрасни имаат високообразовни квалификации. Кога би се споредиле резултатите со 18 земји членки кои ги извршиле наведеното истражување, Словенија има подобри резултати од Европскиот просек. Европскиот просек е 35,7 отсто на возрасни на возраст од 25-64 години кои учествуваат во образованието, додека за Словенија тој процент е 40,6 отсто. Најдобри резултати постигнуваат Шветска, Финска и Норвешка, а послаби проценти имаат Полска, Грција и Унгарија.
Образовните програми за возрасните најчесто се изведуваат во училиуштата – повеќе од половина средни училишта (кој се 92) има и насочени единици за образование на возрасните. Нешто помалце од четвртина програми се спроведуваат на отворени училишта за усовршување, оспособување на лица за возрасни (ги има 33) додека другите програми се спроведуваат во специјалистички институции за образование на возрасни (58) кои ги организираат најголемиот дел од неформалното образование (Министерство за образование и спорт, 2007,2008) Освен тоа, возрасните можат да пристапат на општа или насочена матура со следење на знаења за подготовка на матура.
Образованието и пазарот на трудот
Во земјите на Европската унија невработените се изложени на голем ризик на сиромаштија за разлика од другата популација. Во Европската унија 2006 година, 41 отсто невработени живееле под границите на сиромаштво. Невработеноста е еден од главните причини на сиромаштвото, а исто така и социјалната исклученост (Европска комисија,2008). Според тоа, во рамките на политиката за зголемување на социјалната вклученост европските држави се развиваат и ги усвојуваат мерките за подобра кординација помеѓу образовниот состав и стопанството, односно пазарот на трудот, како и за активирање на работно неактивираното население низ програми на усовршување, образование и стекнување на квалификации.
Некои од клучните индикатори на социјална исклученост е сиромаштвото на младите, процентот на млади кои рано го напуштаат образованието, односно стапката на невработени млади. Како што може да се согледа Словенија стои подобро од просекот на земјите од Европката унија спрема трите наведени индикатори. Важно е да се напомене дека Словенија има подобри резултати остварени на подрачјето појави на сиромаштија кај младите лица од 18-24 година возраст (2006). Према трите индикатори на социјалната вклученост и споредбата помеѓу ЕУ и Словенија, се согледува дека подобри резултати Словенија ги остварува на подрачјето на избегнување на појави на сиромаштија кај младите, со ризик од 9 отсто, во однос на европскиот просек од 20 отсто. Во подрачјето на раното напуштање на образованието (2007), лицата кои рано го напуштаат образованието (2007) европскиот просек е 15,2 отсто, додека Словенија стои подобро со 5,2 отсто. И во однос на стапката невработени млади лица(2007) Словенија стои подобро со 10,1 отсто од просекот на земјите од Европската унија која е 16,4 отсто.(извор: Европска комисија, извештај за социјалната вклученост,2008)
Истражувачите ги наведуваат пред се’ неколкуте реформи кои се направени во средноучилишното образование во Словенија, кои се однесуваат на флексибилна организација и модуларизација на програмите, со кои би требало да ги насочат младите од струковото образование (стручното образование) према пазарот на трудот. Направените реформи се во склоп на препораките на Европската унија, а се ооднесуваат на воведување Европасс/Europassa, ЕЦВЕТ/ ECVET и Европски квалификациони рамки. Направената ревизија на струковите училишта се завршени во 2008 година, а се имплементираат во училишната 2008/2009 година.
Словенија како членка на европската унија е обврзана да ги спроведува мерките за исполнување на целите на Лисабонската стратегија од 2000 година, дел кој го чини во натамошното доживотно учење. Политиката на доживотно учење во поголем дел е насочена на активирање на невработените и другите работно неактивни групи низ образованието. Како што се наведе во горенаведениот извештај, Андрагошкиот центар на Република Словенија кој го спровел истражувањето кон крајот на 2007 година, а цел да како би добиле увид во користењето на образовните програми а со цел вработувања.
Што констатираат истражувањата
Према резултатите од истражувањата, помалку од 20 отсто, лицата ја следеле програмата со барање работно место, а само 40 отсто работодавачи биле спремни да ги платат трошоците на усовршување. Исто така, факт е дека повеќе од 80 отсто усовршувањата биле во потполност или најголем дел вон работното време што укажува како работодавачите не се спремни да во работното време да се издвојува за образованието.
Меѓу невработените интересот за усовршување е ниско отколку вработените – околу 25 отсто невработени им влијаело во некои образовни програми. Со други зборови, најголем дел од околу 75 отсто на возрасни што следат некој програм на образование се вработени. Најчести пречки кои испитаниците ги наведуваат како причина причини за непосетување на образовните програми се таквите програми кои се совпаѓаат со обврските на работа или да се прескапи. Меѓу невработените кои не учествуваат во образовните програми 38 отсто ги наведуваат здравствените причини и својата возраст.
Министерството труд и социјална политика и Министерството за образование и спорт се взаемно институционално здружени за програмите за образование на невработените. Програмите се разработуваат секоја година во соработка со социјалните партнери, невработени лица добиваат можност за следење на настава. Од 1998 година кога програмот започнал до 2005 година вкупно 28 176 лица учествувале во програмите на оспособување. Повеќе од 80 отсто од учесниците ги следеле програмите од средните струкови училишта, а од нив 3,6 отсто ги прекинале наведените програмски школувања пред завршетокот (министерството за образование и спорт,2007).
Целокупните податоци за образованието и стекнување на квалификации во Словенија се добри. Во училишната 2007/2008 година е 48,2 отсто од населението е возрасно од 19 до 23 отсто кои ги следеле стручните или високите програми во високото образование, со стапка на отстапувања во 2007 година од само 4,3 отсто. Понатака, 41 отсто се приматели на социјална помош кои следеле некоја форма на образование, што говори за мерките за активирање на ранливата популација низ образованието за пазарот на трудот. (Совет на Европска унија,2009).
Финансирање на образовниот систем во Словенија
Образовниот систем во Словенија е примарно финансирањето од јавните средства. Исто така, и приватните институции остваруваат право на финансиска подршка од страна на државата.
Од подадоците од истражувањата за образованието како процентуалнос на БДП, спрема степените на образование во 2005 година, а во споредба со просекот на ОЕЦД земјите и земјите на ЕУ, Словенија над просечно вложува во образованите институции во предучилишните, основните и средните степени на образование. Па така следи:
Во предучилишното воспитание и образование: ОЕЦД- просек 0,4 отсто, ЕУ-просек 0,5 отсто и Словенија-просек 0,6 отсто. Во основното и средното образование: ОЕЦД просек- 3,8 отсто, ЕУ—просек 3,6 отсто и Словенија- 4,3 отсто. Високо образование: ОЕЦД-просек 1,5 отсто, ЕУ- просек 1,3 отсто и Словенија 1,3 отсто. Со ова се прикажува вкупното вложување од приватни и јавни извори. Извор:OECD, Education,2008).
Истражувачките податоци укажуваат дека приватните и јавните издавања во образованието во Словенија и понатака во споредба со просекот на ОЕЦД и ЕУ земјите.за сите степени на образование, во 2008 година, е следно:
Јавно издавање: ОЕЦД-просек 85,5 отсто, ЕУ просек 90,5 отсто и Словенија 86,8 отсто. Приватно издвојување: ОЕЦД – просек 14,5 отсто, ЕУ-просек 9,6 отсто и Словенија 13,2 отсто. Извор: OECD, Education,2008.
Со Законот за предучилишното воспитание и образование се овозможува основање на приватни институции на предучилишното воспитание, со што би им се овозможило на родителите избор и методи на работа и образовни содржини за нивните деца (ОЕЦД,2004). Предучилишното воспитание и образование во Словенија и понатака најголемиот дел се изведува во јавните предучилишни установи, што сочинуваат 97 отсто од системот на предучилишниот степен, додека 2,2 отсто деца се во приватните предучилишни установи. За споредба, во Хрватска во јавните градинки сместени се 87,03 отсто, а во приватните 12,97 отсто деца.
Од истражувањата за бројот на детски градинки и запишани деца, спрема управувачката структура во училишната 2008/2009 година, е следна:
Вкупно: број на градиники 845- број на деца 65 966, од нив јавни градинки – број на деца 821(97, отсто) и број на деца во јавните градинки 64 497 (97,8 отсто). Приватни градинки:број на градинки 24 (2,8 отсто) и број на деца 1 469 (2,2 отсто) Извор Статитички завод на РС,2009.
Треба да се истакне повторно дека, финансиската партиципација на родителите за трошоците на програмите на предучилишните степени за деца се одредува спрема имотно материјалната состојба на родителите, во разлика од 10 отсто до 80 отсто од вкупните трошоци.. Во 2000 година родителите просечно изнесувале околу 33 отсто трошоци, а локалната самоуправа околу 67 отсто. Лицата кои примаат социјална помош се ослободени од плаќања во градинката. На крај, сите градинки се обврзани да ги следат принципите и упатсвата на националниот куриукулум за предучилишните институции од 1999 година. Ако се земаат во предвид сите овие фактори, може да се заклучи како степен на финансирање на предучилишниот степен (основа) се обидуваат да се отстранат пречките за поедини ранливи групи.
Каква е состојбата во основните училишта во делот на финансирањето
Ситуацијата во основните училишта во Словенија во делот на јавното финасирање е уште поизразена: јавното финансирање на училиштата опфача 99,7 отсто опфат, додека само 0,2 отсто деца се опфатени во приватните основни училишта. Приватните училишта кој можат да ги основаат приватни лица добиваат помош од државата во износ од 85 отсто до 100 отсто ((Еуродиц,2008).
Согласно податоците по опфатот на основни училишта број на училиишта и број на деца училишната 2008/2009 година е следна:
Вкупен број на основни училишта 848, број на деца 163 457, јавни основни училишта 846 (99,7 отсто), број на деца 163,062 (99,8 отсто). Приватни основни училишта: број на училишта 3 (0,3 отсто), број на деца 395 (0,2 отсто). Извор: Статистички завод РС,2009. Треба да се напомене дека, за учениците кои се запишани и следат настава во основните училишта, локалната управа (општината) ги сноси трошоците за превоз за секое дете кои жевеат повеќе од 4 километри оддалечено од училиштето. Министерството за образование и спорт ги покрива трошоците за прехрана за социјално загрозените ученици и студенти, како и вклучување на некои ученици во програм кои одлучуваат училишните служби на основата на имотната сосотојба на родителите, податоци на невработеност, проблеми и болест во семејствата. Во 2001 година 22,8 отсто од вкупниот број на ученици и студенти примале субвенционална прехрана.
Со законските измени од 2005 и 2006 година е изменет моделот за финансирање на средните училишта, со постепено воведено формирање на програмските трошоци према број на ученици. Спрема новиот модел финансирање на училиштата имаат поголема автономија во алокација на средставата, кои се врзани со редовниот процес на самоевалуација. (Министерство за образование и спорт,2007).
Финансирањето на високото образование, стипендирање на студентите во Словенија
Во согласност со законските измени и дополнувања во текот на академската 2008/2009 годиан, степенот на високото образование се финансира спрема новиот модел. Се дели на шетс гранки кои се финансираат спрема специфичните критериуми, а универзитетите-факултетите се целосно автономни во распоредување на средствата кои им се алоцирани од пресметките. Во поглед за издојувањето за високото образование, како на високото образование, Словенија издвојува за високото образование повеќе од другите земји во регионот, како што покажуваат податоците за издвојување изразено како проценти од БДП и тоа: Хрватска издвојува 0,72 проценти од БДП, Македонија издвојува 1,10 проценти од БДП, Србија издвојува 0,90 проценти од БДП, Словенија издвојува 1,26 проценти од БДП. Извор: Вуксановиќ.М, 2009.
На крај, врзано во степенот на стипендирање во Словенија, податоците покажуваат како и колку вкупно учениците и студентите кои примаат стипендии паѓа во 2007 година, паднал за 0,68 отсто во однос на предходната година. Но, вкупно околу четвртина од сите ученици и студенти примале стипендија во 2007 година( Статистички завод РС,2008), што е релативно висок удел. Просечната стипендија изнесува 169 евра.
Континуитетот на образовните столбови кои продолжуваат во Република Словенија
Разработувајќи го извештајот за развојот и социјалната димензија во образованието во Република Македонија се констатира дека словенечкиот образовен систем продолжува по сите верикални столбови на образованието и продолжува во нејзиниот развој и во натамошниот период хронолошки и од 2004 и понатака во 2024, 2025… и нивната стратегија за натамошната социјална димензија во образованието и понатака со развој на основната социјална димензија од основниот столб предучилишното воспитание и образование, па по вертикала вториот столб основното образование, гимназиското, средното образование, високото образование (академско и стручно), образованието на возрасните, Stem образованието, вештините на учењето и потребите на пазарот на трудот и слично.
Покрај сите истражувања и податоци словенечкото образование се носи рамноправно со членките на Европската унија и е далеку подобра во образовните постигања во многу домени од некои европски членки на унијата.
Развојот на словенечкото образование и трендот на развој на технологија и иновативните процеси е пример на кои треба да се согледаат многу регионални земји кои се во Балканот, Европа, а во тие рамки секако и нашата држава Република Македонија.


