ТОНИ СТОЈАНОВСКИ НА ЧЕЛО НА ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА – ДРАЧЕВО Партијата отвора врата за нови луѓе

Тони Стојановски избран за нов четиригодишен мандат во Драчево - партијата ги повикува сите заинтересирани граѓани сами да се кандидираат и да преземат одговорност во својата средина.

ТОНИ СТОЈАНОВСКИ НА ЧЕЛО НА ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА – ДРАЧЕВО Партијата отвора врата за нови луѓе
Фото: Единствена Македонија

Единствена Македонија продолжува со реализација на изборниот циклус за избор на претседатели на локалните организации на партијата. Синоќа во Драчево, за претседател на Месниот комитет на Единствена Македонија – Драчево, со нов четиригодишен мандат е избран Тони Стојановски.

Тони Стојановски е докажан и искусен кадар и патриот, кој со својот долгогодишен ангажман секогаш бил на првата линија во одбраната на македонските национални интереси, како и во заложбата за расчистување со грабежот, криминалот и корупцијата во Македонија.

Изборот е дел од тековниот циклус за избор на претседатели на сите локални организации на партијата, согласно член 37 од Статутот, со што продолжува процесот на конституирање и кадровско зајакнување на општинските и месните комитети на партијата.

Особено значајна новина во актуелниот изборен циклус е можноста за самокандидирање за претседатели на општинските и месните комитети. Со оваа можност, Единствена Македонија ги отвора своите структури за сите граѓани кои сакаат активно да се вклучат во политичкиот живот и со својот ангажман да придонесат во остварувањето на визијата, програмските определби и целите на партијата.

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да се кандидираат можат да ја достават својата намера за кандидатура по електронски пат на press@edinstvenamakedonija.mk или преку инбокс на официјалната Фејсбук страница на Единствена Македонија.

Единствена Македонија продолжува со организациското јакнење и создавање силни локални структури, со активно учество на граѓаните од сите делови на Македонија.

Приклучи се на Единствена Македонија!

ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА!

CATEGORIES
Share This