БЛИСКИ ИСТОК Излегоа детали од договорот меѓу САД и Иран
25 милијарди долари на маса: замрзнатите ирански средства во фокусот

Финалниот нацрт на меморандум за разбирање меѓу Иран и САД опфаќа неколку клучни теми, меѓу кои нуклеарната програма на Техеран, статусот на Хормутскиот теснец и укинувањето на американските санкции врз иранската нафта, објави Ројтерс повикувајќи се на висок ирански функционер.
Според истиот извор, договорот предвидува Иран да го отвори Хормутскиот теснец за слободен комерцијален поморски сообраќај, додека САД би ја укинале поморската блокада на иранските пристаништа.
Во економскиот дел се наведува дека Вашингтон нема да воведува нови санкции против Иран до постигнување конечен договор, а дел од санкциите поврзани со нафтениот сектор би биле привремено укинати. Дополнително, САД би одмрзнале околу 25 милијарди долари ирански средства, преку различни финансиски механизми, вклучувајќи кредитни линии и регионална соработка.
Во однос на нуклеарната програма, Иран се обврзува да не развива нуклеарно оружје и да го задржи постојниот статус до финализирање на договорот. Предвидени се и мерки за ограничување на збогатувањето на ураниум и стопирање на ширењето на нуклеарни постројки.
САД, пак, би се согласиле Иран да ги намали своите залихи на збогатен ураниум, а деталите околу механизмите за тоа би биле дефинирани во рок од 60 дена, во периодот до евентуалното финализирање на договорот.
ТРАМП: ИМАМЕ ДОГОВОР СО ИРАН Се откажуваат од нуклеарно оружје


