СЕ БРОЈАТ ЧАСОВИ ДО ПОТПИС Дали конечно завршува конфликтот САД-Иран?

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека договорот со САД за завршување на војната е блиску до финализирање и дека вклучува повторно отворање на Хормускиот теснец.
Според него, договорот предвидува и укинување на американската блокада кон Иран, додека разговорите за иранската нуклеарна програма би започнале во подоцнежна фаза.
Американски претставници потврдиле дел од информациите, нагласувајќи дека економските придобивки за Иран ќе зависат од исполнувањето на неговите обврски.
Конфликтот започна по американски и израелски напади врз Иран на 28 февруари, по што Иран возврати на Израел и сојузниците на САД во Заливот, што доведе до затворање на Ормускиот теснец, кој е клучен светски транспортен коридор за нафта и течен природен гас, пренесува Би-Би-Си. И покрај договорот за прекин на огнот во април, двете страни продолжиле со повремени напади, вклучително и две рунди „око за око“ акции оваа недела.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ги откажал планираните напади врз Иран бидејќи преговарачите постигнале „значаен договор“, кој, според него, наскоро ќе биде потпишан.
Во меѓувреме, иранските медиуми објавија детали од наводен договор од 14 точки, но Трамп ги отфрлил како неточни.
Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, чија земја учествувала во посредувањето, изјавил дека меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран е договорен и чека финализирање.
Аракчи додал дека во иранскиот Врховен совет за национална безбедност постојат различни ставови околу договорот и дека сè уште не е донесена конечна одлука.
„Засега мора да почекаме. Доколку биде одобрен, договорот ќе биде потпишан од далечина“, изјавил тој.
https://nacionalno.mk/dogovor-na-povidok-iran-prizna-deka-e-blisku-do-sad-no/


