ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА ИЗНЕНАДУВА Сонце, облаци и налети на силен ветер

УХМР најавува сончево и посвежо време, а во делови од земјата ветерот ќе достигнува брзина до 50 километри на час.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА ИЗНЕНАДУВА Сонце, облаци и налети на силен ветер
Фото: Принтскрин

Денеска (13 јуни) во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), дневната температура ќе се движи од 6 до 28 Целзиусови степени.

Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен и ќе достигнува брзина до 50 километри на час.

Во Скопје се очекува променливо облачно и посвежо време. Ќе дува засилен северен ветер, кој во одредени делови од котлината повремено ќе биде и силен.

CATEGORIES
Share This