БОСАНЦИТЕ БЕА НА ЧЕКОР ДО СЕНЗАЦИЈА Но Канада се спаси во финишот

Лукиќ донесе водство за Босанците, но Ларин во 79. минута ги постави конечните 1-1.

БОСАНЦИТЕ БЕА НА ЧЕКОР ДО СЕНЗАЦИЈА Но Канада се спаси во финишот
Фото: Принтскрин

Фудбалските репрезентации на Босна и Херцеговина и Канада ремизираа 1-1 во натпреварот од првото коло во Б-групата на Светското првенство.

На дуелот одигран во Торонто, Босанците оставија подобар впечаток во првото полувреме и заслужено стигнаа до водство во 21. минута. Стрелец на погодокот беше Јово Лукиќ, кој ја круниса иницијативата на својот тим. До паузата избраниците на Сергеј Барбарез создадоа уште неколку опасни ситуации, но не успеаја да ја зголемат предноста.

Вториот дел донесе поотворена и подинамична игра. Канаѓаните тргнаа поизразено во напад во потрага по израмнување, а во 53. минута беа блиску до погодок кога по ударот на Ричи Лари топката, откако го закачи капитенот на БиХ, Сеад Колашинац, заврши во гредата.

Само неколку моменти подоцна, Босна и Херцеговина пропушти одлична можност за втор гол. Ермедин Демировиќ излезе сам пред противничкиот голман, но не успеа да ја затресе мрежата.

Притисокот на домашната селекција конечно вроди со плод во 79. минута, кога Кајл Ларин го совлада босанскиот голман и ги постави конечните 1-1.

Со освоениот бод двете репрезентации го отворија настапот на шампионатот, додека во вториот натпревар од групата ќе се сретнат Катар и Швајцарија.

CATEGORIES
Share This