ПАНИКА НА ПИСТА ВО АНТАЛИЈА Боинг со 267 патници удри во метална конструкција

Сведоци опишуваат силен и застрашувачки удар кој предизвикал паника во кабината.

ПАНИКА НА ПИСТА ВО АНТАЛИЈА Боинг со 267 патници удри во метална конструкција
Фото: Принтскрин

Боинг 777-3Q8 на „Туркиш ерлајнс“, со 267 патници, удрил во метална конструкција на аеродромот во Анталија при слетување, при што еден патник е повреден, а настанала и значителна материјална штета.

Според првичните информации, авионот при маневар по слетувањето зафатил голема радарска или антена-структура покрај пистата, по што дел од конструкцијата се урнал и го погодил леталото. Инцидентот предизвикал активирање на безбедносните системи во кабината, вклучувајќи паѓање на маски за кислород и отворање на преградите за багаж.

Патниците опишале дека се слушнал силен и застрашувачки удар, по кој следела паника во кабината. Некои сведоци велат дека дел од облогата на авионот била оштетена, а патниците минале преку оштетените делови на пистата при евакуацијата.

Сите патници биле безбедно евакуирани, а на местото веднаш интервенирале противпожарни и итни служби. „Туркиш ерлајнс“ започна техничка истрага за да се утврдат причините за инцидентот, додека патниците чекале околу два часа за нивниот багаж по настанот.

CATEGORIES
TAGS
Share This