БРУТАЛНА ПРОГНОЗА Генерал открива што навистина ќе го заврши конфликтот во Украина
Само две сценарија можат да донесат крај на војната, вели Коутс.

Пензионираниот канадски генерал-потполковник Кристофер Коутс смета дека воспоставување траен мир во Украина е малку веројатно додека Владимир Путин е на власт. Според него, единствените сценарија што би можеле да донесат долгорочна стабилност се или воена победа на Украина или промена на руското раководство.
По посетата на Украина, Коутс изјави дека Русија се наоѓа во состојба на постепено опаѓање, со зголемен економски и воен притисок. Тој нагласи дека украинските удари врз руската нафтена инфраструктура имаат значајно стратешко влијание, бидејќи ги намалуваат приходите на Москва и ја ослабуваат нејзината воена способност.
„Траен мир е невозможен додека Путин е на власт“, изјави Коутсќ
Тој додава дека само украинска победа или неговата смрт би можеле да создадат услови за стабилен договор.
Поранешниот командант на Заедничката оперативна команда на Канада истакна дека и понатаму има доверба во отпорноста на Украина, но предупреди дека предизвиците се големи. Според него, Русија води поинаков тип на војна, користејќи значителни ресурси за ограничени придобивки, додека Украина работи со ограничени капацитети.
Тој додаде дека Кремљ сè уште се потпира на пропаганда и контрола на информациите за одржување на домашната поддршка, но дека таквите системи со текот на времето стануваат сè покревки.
„Систем изграден врз лаги на крајот почнува да се урива одвнатре“, рече тој.
Коутс ја опиша тековната фаза од конфликтот како „момент на пресврт“, нагласувајќи дека иако Украина има одредени успеси, ситуацијата останува нестабилна. Тој оцени дека Русија се повеќе се потпира на ширење на притисокот надвор од бојното поле, бидејќи нејзиниот напредок на фронтот стагнира.
Посебно внимание посвети на развојот на беспилотните летала, кои, според него, суштински го менуваат современото војување. Тој истакна дека Украина успешно комбинира масовно производство и прецизност, создавајќи нов модел на воена ефикасност со пониски трошоци.
Коутс, исто така, оцени дека западните системи за одбранбена индустрија се помалку прилагодени на брзината на модерното војување, додека Украина покажала поголема флексибилност преку користење на комерцијални технологии во воени цели.
Во однос на мирот, тој повтори дека долгорочно решение е тешко замисливо без суштинска промена во Русија. Според него, територијални компромиси би донеле само привремено примирје, без гаранција за трајна стабилност.
„Самата смрт на Путин би била првиот неопходен услов“, изјави Коутс.
Тој додава дека само воена победа на Украина може да создаде основа за вистински мир.


