МАКЕДОНИЈА ГО ОСВОИ ЗАГРЕБ Преполна сала за претставата „Ајде!“

Настанот претставува значаен чекор во продлабочувањето на културната соработка меѓу Македонија и Хрватска.

МАКЕДОНИЈА ГО ОСВОИ ЗАГРЕБ Преполна сала за претставата „Ајде!“
Фото: Принтскрин

Македонската современа танцова претстава „Ајде!“ беше изведена пред преполна публика во Загрепскиот танцов центар, оставајќи силен впечаток кај љубителите на уметноста во хрватската престолнина.

Настанот претставува уште една успешна промоција на македонската култура и творештво надвор од границите на државата, како и значаен придонес во зајакнувањето на културната соработка меѓу Македонија и Хрватска.

Директорката на Македонскиот културно-информативен центар во Загреб, Биљана Ѓоргоска Илиевска, истакна дека уметноста е универзален јазик кој ги надминува сите граници и разлики.

„Уметноста има моќ да ги поврзува луѓето без оглед на границите, јазиците и различностите. Вечерва преполната сала на Загрепскиот танцов центар е најдобрата потврда дека публиката препознава искрена емоција, квалитет и значење на културната размена меѓу Македонија и Хрватска“, нагласи Ѓоргоска Илиевска.

Претставата „Ајде!“ е препознатлив пример на современото македонско танцово творештво, кое преку оригинален уметнички израз ги спојува традицијата, современите сценски форми и универзалните човечки вредности. Нејзиниот успех уште еднаш потврдува дека културата и уметноста остануваат едни од најсилните мостови за поврзување на народите и општествата.

Проектот е реализиран со поддршка од Министерството за култура и туризам, Општина Штип и ЕАМ Штип, додека гостувањето во Загреб е дел од годишната програма на Македонскиот КИЦ во Загреб. Настанот е организиран во соработка со Motion Network продукција и Загрепскиот танцов центар, со поддршка на Министерството за култура и туризам.

CATEGORIES
Share This