РУСИЈА СО ТЕШКИ ОБВИНУВАЊА Ерменската опозиција пред исфрлање од изборите

Русија предупредува дека евентуалната забрана за учество на најголемите опозициски партии може да ги лиши граѓаните од вистински избор и да го наруши легитимитетот на изборниот процес.

РУСИЈА СО ТЕШКИ ОБВИНУВАЊА Ерменската опозиција пред исфрлање од изборите
Фото: Принтскрин

Русија изрази загриженост поради можни ограничувања на учеството на опозициските партии на претстојните избори во Ерменија. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, оцени дека таквите потези би претставувале сериозен удар врз демократските процеси во земјата.

„Сведоци сме на обид на ерменските власти да го исклучат најголемото опозициско движење „Силна Ерменија“, а можеби и партијата „Просперитет Ерменија“, од учество на изборите“, изјави Захарова.

Таа предупреди дека евентуална забрана за учество на овие политички субјекти би можела да ги лиши граѓаните од можноста да избираат меѓу различни политички опции и да го доведе во прашање легитимитетот на изборниот процес.

Според Захарова, ограничувањето на политичката конкуренција е спротивно на демократските принципи и може да предизвика дополнителни политички тензии во Ерменија.

CATEGORIES
Share This