ВОНРЕДНА СИТУАЦИЈА Авионот со репрезентацијата принудно се врати во Истанбул

Летот кон Скопје прекинат по само 20 минути, патниците безбедно вратени на аеродромот „Сабиха Ѓокчен“.

ВОНРЕДНА СИТУАЦИЈА Авионот со репрезентацијата принудно се врати во Истанбул
Фото: Принтскрин

Авионот со кој македонската фудбалска репрезентација денеска се враќаше од Турција бил принуден да се врати назад на аеродромот во Истанбул по околу дваесетина минути лет, поради технички проблеми.

Од експедицијата било соопштено дека летот е прекинат од безбедносни причини и дека авионот безбедно слетал на аеродромот „Сабиха Ѓокчен“. Фудбалерите и целата делегација моментално се наоѓаат на аеродромот и го очекуваат понатамошниот развој на ситуацијата.

Чартер-летот требало да слета во Скопје околу 13 часот по македонско време.

CATEGORIES
Share This