ТРАГЕДИЈА ВО ЛАЖАНИ Во судир со мопеди малолетник почина, друг малолетник тешко повреден
Според информациите од полицијата, во несреќата животот го загубил 13-годишниот малолетник, чие смрт беше констатирана од лекар во Градската болница Прилеп. Другиот малолетник се здобил со тешки повреди, но не се наоѓа во животозагрозувачка состојба.

Во Прилеп, на полициската станица беше пријавена сообраќајна несреќа која се случила во село Лажани, помеѓу два мопеда, управувани од два малолетници, на возраст од 13 и 14 години, кои и двајцата се од истото село. Двата мопеда не биле со регистарски таблички.
Според информациите од полицијата, во несреќата животот го загубил 13-годишниот малолетник, чие смрт беше констатирана од лекар во Градската болница Прилеп. Другиот малолетник се здобил со тешки повреди, но не се наоѓа во животозагрозувачка состојба.
По несреќата, извршен бил увид од надлежен јавен обвинител, како и увидна екипа од Општинската полициска станица Прилеп. Телото на починатиот малолетник било предадено за обдукција.
CATEGORIES Македонија


