На само неколку часа пред големото дерби „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид, пристигна тажна вест од семејството на тренерот на каталонскиот клуб.
Починал таткото на Ханси Флик. Информацијата беше објавена попладнево, а според најавите, Флик сепак нема да го пропушти натпреварот и ќе го води тимот од клупата.
Од Барселона се огласија со официјално соопштение, во кое му изразија поддршка на својот тренер во овие тешки моменти.
„ФК Барселона и целото ‘блауграна’ семејство му упатуваат најдлабоко сочувство на Ханси Флик поради смртта на неговиот татко. Се солидаризираме со неговата болка и стоиме покрај него и неговото семејство во овие тешки моменти“, стои во објавата на клубот.