ДНЕВНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Сонце, па попладне невреме во повеќе делови од Македонија
УХМР предупредува на поројни дождови, грмежи и силен ветер во попладневните часови.

Фото: Национал
Времето денеска (11.08.) претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, попладне ќе биде променливо облачно наместа со пороен дожд и грмежи и температура од 8 до 28 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, ветер и услови за појава на град. Попладне ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено во западните делови ќе достигнува брзина од над 60 km/h.
Во Скопје претпладне сончево, попладне ќе биде нестабилно, во делови од котлината со пороен дожд, засилен ветер и грмежи.
CATEGORIES Македонија
