ЛАЗАРОВ СЕ ОДЛУЧИ – Еве кои играчи ќе ја бркаат визата за СП

Селекторот Кирил Лазаров го објави списокот за бараж-дуелот против Словачка.

ЛАЗАРОВ СЕ ОДЛУЧИ – Еве кои играчи ќе ја бркаат визата за СП
Фото: Принтскрин

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави списокот на играчи за претстојниот бараж-дуел против Словачка, кој ќе одлучува за пласман на Светското првенство.

Покрај интернационалецот Мартин Томовски, кој настапува во Германија, останатите повикани ракометари доаѓаат од домашното првенство. На списокот се забележуваат и неколку изненадувања.

Собирот на репрезентацијата е закажан за 10 мај 2026 година, во 13:30 часот, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

CATEGORIES
Share This