ЛОЗАНО НАЈАВИ СОЛИСТИЧКИ КОНЦЕРТ ВО МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА Американска турнеија и нови музички проекти

Концертот ќе биде замислен во поинаков, поинтимен формат, со акцент на непосредната комуникација со публиката и изведба на најпознатите хитови од неговата кариера.

ЛОЗАНО НАЈАВИ СОЛИСТИЧКИ КОНЦЕРТ ВО МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА Американска турнеија и нови музички проекти

Популарниот македонски пејач Влатко Лозаноски – Лозано најави низа музички активности во наредниот период, меѓу кои и својот прв солистички концерт во Македонската филхармонија, закажан за 5 март 2027 година.

Концертот ќе биде замислен во поинаков, поинтимен формат, со акцент на непосредната комуникација со публиката и изведба на најпознатите хитови од неговата кариера.

Пред домашниот концерт, Лозано го очекува американска турнеја. На 20 ноември ќе го одржи првиот од планираните седум настапи во градови со бројна македонска дијаспора во САД.

Музичките активности продолжуваат и во април 2027 година, кога заедно со дуото Next Time ќе замине на заедничка турнеја во Австралија.

Паралелно, Лозано работи и на нови песни со својот долгогодишен авторски тим, Магдалена и Лазар Цветковски, со кои подготвува нови музички проекти и соработки.

Со концертите во Македонија и странство, како и новата музика, пред Лозано претстои исклучително активен период во кој најавува нови средби со публиката.

CATEGORIES
Share This