БАЧЕВ ДО ВРАБОТЕНИТЕ ВО КАНАЛ 5 – Исполнете му ја желбата на Мирчевски, „фрлете“ го во Вардар
Бачев реагира по забраната за гостување на Канал 5.

Професорот и лидер на партијата Единствена Македонија, Јанко Бачев, преку објава на Фејсбук реагираше на одлуката на директорот на Канал 5, Иван Мирчевски, со која му се забранува гостување на оваа телевизија. Во својата реакција, Бачев наведува:
„-ФРЛЕТЕ ГО МИРЧЕВСКИ ВО ВАРДАР – ПОВИК ДО ВРАБОТЕНИТЕ ВО КАНАЛ 5
Налетав на една изјава на Иван Мирчевски и не ми се верува што слушам. Вели, ако бил како Сашо Ордановски и Борјан Јовановски ќе се фрлел во Вардар. Одлично!
Денешниот ден (3 мај е Меѓународен ден на новинарите) е одличен повод вработените во Канал 5 да му ја исполнат желбата на Мирчевски и да го фрлат во Вардар од оправдана причина: не е како Сашо Ордановски и Борјан Јовановски, туку е ептен бетер.
Има ли нешто полошо од воведување цензура!? За тие што не знаат, јас сум единствениот претседател на партија со забрана од Мирчевски поради искажани ставови од национално и државно значење за Македонија и Македонците.
Голем новинарски срам. Споделете“ – се вели во реакцијата на Бачев.
