РАДЕВ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА?! – Мицкоски јавно му испрати покана

Македонскиот премиер порача дека е подготвен за директен дијалог со новата бугарска влада, но не очекува брзо подобрување на односите.

РАДЕВ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА?! – Мицкоски јавно му испрати покана
Фото: Принтскрин

Премиерот Христијан Мицкоски упати јавна покана до новоизбраниот бугарски премиер Румен Радев да ја посети Македонија, нагласувајќи дека не гледа причина зошто таква средба не би се реализирала.

Одговарајќи на новинарско прашање дали официјално ќе го покани Радев на средба на премиерско ниво, Мицкоски изјави дека поканата веќе е упатена.

„Не гледам причина зошто да не го поканам. Ако ова е поканата вака, еве го поканувам“ – рече Мицкоски.

Во однос на односите меѓу Скопје и Софија по изборот на новата бугарска влада предводена од Радев и предложена од партијата „Прогресивна Бугарија“, Мицкоски посочи дека не очекува влошување, но ниту значително подобрување на релациите.

Тој притоа упати остри критики кон опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија, обвинувајќи ги дека, како што рече, не ги штитат македонските национални интереси.

Мицкоски додаде дека по изборната победа на Радев веднаш му честитал и изразил подготвеност за градење добрососедски односи.

Се надевам дека со оваа влада ќе можеме да ги подобриме меѓусоседските односи и да разговараме за темите за кои треба да разговараме“ – истакна премиерот.

CATEGORIES
Share This