ИРАН НАПАДНА АМЕРИКАНСКИ БРОДОВИ – Трамп тврди, ги збришавме напаѓачите

Сè уште нема независна потврда за тврдењата од двете страни.

ИРАН НАПАДНА АМЕРИКАНСКИ БРОДОВИ – Трамп тврди, ги збришавме напаѓачите
Фото: Принтскрин

Три американски разорувачи во близина на Ормутскиот теснец биле нападнати во текот на ноќта со ракети и беспилотни летала, за кои иранските медиуми тврдат дека биле лансирани од иранската морнарица, пренесува Тасним повикувајќи се на извори.

Според истите информации, бродовите USS Truxton, USS Mason и USS Rafael Peralta биле цел на нападите, по што, како што се наведува, се повлекле кон Оманското Море. Во меѓувреме, се појавија извештаи дека САД извршиле удари врз две ирански пристаништа во близина на теснецот.

Од друга страна, три американски разорувачи, според објава на Доналд Трамп на Truth Social, успешно поминале низ Ормутскиот теснец и, како што тврди тој, биле под напад, но без претрпена штета.

Трамп наведува дека иранските напаѓачи претрпеле големи загуби и дека биле „целосно уништени“, заедно со повеќе мали бродови кои, според неговите зборови, служеле како замена за иранската морнарица.

Тој додава дека тие бродови „завршиле на дното на морето, брзо и ефикасно“.

Исто така, Трамп изјавил дека ракетите испукани кон американските разорувачи биле успешно соборени, додека беспилотните летала биле уништени во воздух. Според неговиот опис, дроновите паѓале во океанот „како пеперутки“.

CATEGORIES
Share This