НЕ ГО САКАМЕ ВО ТИМОТ – Шокантна петиција против Мбапе го тресе Реал Мадрид
Расте незадоволството меѓу навивачите и медиумскиот притисок врз француската ѕвезда.

Кога Реал Мадрид го доведе Килијан Мбапе, очекувањата беа дека француската ѕвезда ќе донесе нова енергија во нападот и ќе отвори нова ера на успеси за клубот. Сепак, наместо едногласна еуфорија, дел од навивачите реагираа со скепса и резерви кон трансферот инициран од претседателот Флорентино Перез.
Во последните недели, критиките кон Мбапе стануваат сè понагласени и ја засенуваат првичната еуфорија. Атмосферата околу неговото присуство во клубот се повеќе се заострува, а секој негов потег на теренот, во соблекувалната или надвор од него е внимателно следен од медиумите и јавноста во Шпанија.
И покрај тоа што оваа сезона постигна дури 41 гол, дебатите за неговото влијание врз играта, односите со соиграчите и комуникацијата со тренерот Алваро Арбелоа не стивнуваат. Наместо да биде фигура на обединување, Мбапе сè почесто се наоѓа во центар на поделени мислења меѓу навивачите.
Токму затоа креирана е онлајн петиција на која се гласа за тој да си оди. На неа гласале, односно се потпишале преку 31 милиони лица, до пред некој час. Во меѓувреме креирана е и друга онлајн петиција, за негово останување, а на неа гласале преку 26 милиони фанови до пред некој час.
„Мадридисти, нека се слушне вашиот глас. Ако сметате дека се потребни промени, не молчете. Потпишете ја оваа петиција и застанете зад она што е најдобро за иднината на клубот“, стои во апелот.
Исто така, коментарот на Карим Бензема предизвика бурни реакции во јавноста, откако многумина го протолкуваа како порака која можеби нема да му се допадне на Килијан Мбапе. Францускиот напаѓач јасно застана зад Винисиус Жуниор, нарекувајќи го „број еден“, што дел од медиумите го оценија како индиректно рангирање во тимот на Реал Мадрид.
На објавата реагираше и Џуд Белингем, кој кратко коментираше со „брат“, што дополнително ги засили шпекулациите за внатрешната динамика во клубот. Во шпанските и француските медиуми веќе се појавија анализи дека ваквите реакции можат да укажуваат на тензии и недоразбирања околу улогата на Мбапе во тимот.
Незадоволството дополнително се зголеми откако се појавија информации дека Мбапе, и покрај повредата и отсуството од репрезентацијата, бил на краток одмор во Италија со својата партнерка, што дел од навивачите и медиумите го протолкуваа како несоодветен момент.
Во меѓувреме, Реал Мадрид се соочува со тешка ситуација во Ла Лига, каде Барселона има значајна предност на табелата. Клубот ризикува сезоната да ја заврши без трофеј, што дополнително ја зголемува тензијата околу тимот и играчите.
И покрај сè, Мбапе се врати на тренинзите, но јавноста и понатаму внимателно ја следи атмосферата во соблекувалната и односите меѓу ѕвездите на тимот.
