СЛЕДНИТЕ 48 ЧАСА ОДЛУЧУВААТ СÈ – Еве што се крие зад договорот меѓу САД и Иран
Нацрт-договорот содржи 14 точки за деескалација и постепено нормализирање.

САД и Иран се наводно многу блиску до постигнување на договор за едностран меморандум за разбирање, кој би ставил формален крај на непријателствата и би го отворил патот кон подетални преговори, јавуваат повеќе медиуми.
Според информациите, Белата куќа очекува Иран во следните 48 часа да се изјасни по клучните точки од предлог-документот.
Меморандумот содржи 14 точки, а во процесот на преговори се вклучени американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, како директно, така и преку посредници.
Главни елементи од нацртот се Декларација за прекин на непријателствата во регионот, 30-дневен период за продолжени и подетални преговори (со можни локации како Исламабад или Женева), Ирански мораториум на збогатување на ураниум, со времетраење кое сè уште се договара, засилени и ненадејни инспекции од Меѓународната агенција за атомска енергија, постепено укинување на дел од американските санкции и ослободување на замрзнати ирански средства и постепено намалување на ограничувањата за навигација и олеснување на блокадите поврзани со Ормутскиот теснец
Засега ниту една страна официјално не ги потврди деталите. Од Белата куќа нагласуваат дека „ништо не е конечно договорено“, но дека ова претставува најзначаен напредок од почетокот на конфликтот.
Американскиот претседател Доналд Трамп, според извори, привремено ги стопирал планираните операции во Хормутскиот теснец за да му се даде шанса на дипломатскиот процес.
Државниот секретар Марко Рубио изјави дека САД бараат јасни и проверливи гаранции од Иран.
Разговорите доаѓаат по повеќе од два месеци интензивни воздушни и поморски судири, кои започнале кон крајот на февруари, со последователни напади и ескалации во регионот. Привремено примирје било постигнато во април со посредство на Пакистан, но ситуацијата останала нестабилна.
Во наредните 48 часа се очекува клучна одлука која може да одреди дали ќе следи формален крај на непријателствата или нова ескалација на тензиите.
