ЗАКАНА ШТО ЈА ТРЕСЕ ЕВРОПА – Русија најавува големо гранатирање на Киев ако парадата биде нарушена

Русија упатува остро предупредување пред одбележувањето на Денот на победата.

ЗАКАНА ШТО ЈА ТРЕСЕ ЕВРОПА – Русија најавува големо гранатирање на Киев ако парадата биде нарушена
Фото: Принтскрин

Рускиот претседател Владимир Путин испрати предупредување до Киев дека евентуален обид украински беспилотни летала да ја попречат воената парада на Црвениот плоштад во Москва ќе предизвика жесток одговор.

Според соопштение на руското Министерство за одбрана, цивили и вработени во странски дипломатски мисии во Киев се повикуваат „веднаш да го напуштат градот“ доколку дојде до обид за нарушување на прославата на 81-годишнината од победата во Големата татковинска војна.

Во предупредувањето се наведува дека, во таков случај, руските вооружени сили би започнале масовен ракетен напад врз центарот на Киев.

Руски извори дополнително посочуваат дека заканата се однесува и на можната употреба на ракетниот систем „Орешник“, кој Путин претходно го опишувал како оружје со исклучително разорна моќ.

Според тие тврдења, истовремена употреба на повеќе вакви системи би можела да има ефект споредлив со нуклеарен удар, иако без употреба на нуклеарно оружје.

Исто така, руските медиуми наведуваат дека „Орешник“ веќе бил користен во Украина и дека постои и негова нуклеарна варијанта.

CATEGORIES
Share This