СИМЕОНЕ ПРОГОВОРИ БЕЗ ЗАДРШКА – Артета горд и среќен
Клучниот гол во првото полувреме го реши полуфиналниот двомеч.

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, му честиташе на Арсенал за победата и пласманот во финалето на Лигата на шампионите, по елиминацијата на шпанскиот клуб.
Атлетико не успеа да стигне до финалето. По ремито 1:1 во Мадрид, „топџиите“ го добија реваншот во Лондон со 1:0 и обезбедија место во завршницата на натпреварувањето.
„Ако испаднавме, тоа е затоа што противникот заслужи да оди понатаму. Ја искористија својата шанса во првото полувреме и заслужено продолжуваат. Јас сум мирен“, изјави Симеоне за медиумите во Лондон, пренесува Би-Би-Си Спорт.
Тој додаде дека неговиот тим не бил доволно прецизен во клучните моменти:
„Во второто полувреме игравме подобро. Имавме ситуации кои можевме да ги искористиме, но не успеавме. Дадовме максимум и мора да прифатиме резултатот. Горд сум на играчите и навивачите, стигнавме далеку иако не освоивме ништо.“
На прашање за спорна судиска одлука во ситуација со неговиот син Џулијано, Симеоне одби да коментира:
„Не сакам да навлегувам во тоа. Не барам алиби. Тоа е завршена работа.“
Од друга страна, тренерот на Арсенал, Микел Артета, истакна дека е горд на својата екипа, која се пласира во првото финале на Лигата на шампионите од 2006 година.
„Многу сум горд и среќен. Долго го чекавме ова и навивачите го заслужуваат. Покажавме зрелост во тежок натпревар“, изјави Артета.
Арсенал го елиминираше Атлетико со вкупни 2:1 од двата натпревари и сега го чека противникот во финалето, кој ќе биде познат по дуелот меѓу Баерн Минхен и Пари Сен Жермен.
Финалето на Лигата на шампионите ќе се игра на 30 мај во Будимпешта, на „Пушкаш Арена“.
