ХОРМУТСКИОТ ТЕСНЕЦ ЈА ТРЕСЕ АВИЈАЦИЈАТА – Исчезнуваат 2 милиони седишта од летовите

Авиокомпаниите масовно го намалуваат бројот на летови поради зголемените трошоци за гориво.

ХОРМУТСКИОТ ТЕСНЕЦ ЈА ТРЕСЕ АВИЈАЦИЈАТА – Исчезнуваат 2 милиони седишта од летовите
Фото: Принтскрин

Околу два милиони места на авиолетови се избришани од глобалните распореди за мај, откако авиокомпаниите го намалиле капацитетот поради наглиот раст на цените на млазното гориво, соопшти аналитичката компанија за авијација „Сириум“.

Според нејзините податоци, во мај биле планирани околу 13.000 летови помалку на светско ниво. Ова се должи на прилагодувањето на авиопревозниците на пазарните услови за гориво, кои биле нарушени од прекини во снабдувањето предизвикани од конфликтите на Блискиот Исток и ограничувањата во Хормутскиот теснец, објави „Гардијан“.

Најголем пад на бројот на летови е забележан во Истанбул и Минхен, каде што компании како „Туркиш ерлајнс“ и „Луфтханза“ направиле кратења во дел од своите линии. „Луфтханза“ наводно откажала околу 20.000 кратки летови преку својата подружница.

Цената на авионското гориво се зголемила повеќе од двојно од почетокот на кризата на Блискиот Исток, иако авиокомпаниите засега не пријавуваат физички недостиг благодарение на постојните залихи.

Во исто време, дел од превозниците како „ИзиЏет“ и „Виз Ер“ најавуваат дека ќе ги одржат летните распореди и покрај зголемените трошоци.

Аналитичарите предупредуваат дека Европа, особено Обединетото Кралство, може да биде меѓу најпогодените региони поради високата зависност од увоз на авионско гориво и ограничените капацитети за рафинирање.

CATEGORIES
Share This