АНТВЕРПЕН АПЛАУДИРА – Македонската опера и балет во центарот на вниманието
Балетски спектакл што ја воодушеви белгиската публика.

Со величествената балетска класика Лебедово езеро, во изведба на Национална опера и балет во Антверпен, свечено започнуваат „Деновите на македонската култура“ во Белгија престижна манифестација што ја претставува македонската уметност во нејзиното најрепрезентативно и најблескаво издание пред европската публика.
Со настапот на едно од најмонументалните дела од класичниот репертоар, Националната опера и балет уште еднаш го потврдува својот висок уметнички ранг, дисциплина и сценска извонредност. Гостувањето во Антверпен претставува силна афирмација на македонската култура на европската мапа.
На 4 мај, во Брисел, во кино-салата Cinema Galeries, ќе биде прикажан филмот Исцелител на Ѓорче Ставрески, дело што се издвојува со силен авторски печат и меѓународен потенцијал.
Следниот ден, на 5 мај, сцената на култниот Bozar ќе му припадне на Оркестар за џез музика на Македонија, кој ќе понуди енергичен концертен спој на македонскиот музички фолклор и современиот џез израз.
Во рамки на програмата, до крајот на 2026 година, во Европски парламент е планирана и изложба на Теракотни икони од Виница и редок и исклучително значаен археолошки комплекс што сведочи за богатото ранохристијанско културно наследство на земјата.
„Деновите на македонската култура“ во Белгија претставуваат моќна меѓународна платформа за презентација на македонската уметност, позиционирајќи ја земјата како зрел, препознатлив и високо квалитетен културен чинител на европската сцена.
