БОЖИНОВСКА СО СИЛНА ПОРАКА ЗА 1 МАЈ – Без труд нема напредок
Министерката порача дека трудот мора да биде видлив, признаен и почитуван.

Први мај треба да биде потсетник дека начинот на кој се однесуваме кон трудот го одразува типот на држава што ја градиме, напиша денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на својата Фејсбук-страница.
„Први мај за луѓето што ја движат државата. За оние што знаат дека вредноста не доаѓа преку ноќ, туку преку знаење, труд и достоинство. За оние што со право очекуваат нивниот труд да биде видлив, признаен и почитуван“, истакна Божиновска.
Таа нагласи дека без вистинска почит кон трудот нема ниту напредок.
„Успехот секогаш е огледало на тој однос. Како министерка, мојата обврска е јасна да градиме средина во која трудот се вреднува, а довербата се заслужува. Средина во која младите гледаат перспектива, а искусните сигурност. Во која успехот не е привилегија, туку резултат, а секој знае дека неговиот придонес има тежина“, додаде таа.
Божиновска порача дека Први мај треба да биде и потсетник и поттик да се бара повеќе, да се гради подобро и да не се прифаќа помалку од она што се заслужува.
„Среќен 1 Мај – Денот на трудот“, порача министерката.
