ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА ВЛЕГУВА ВО ВОЈНА – САД со ново оружје против Иран

Вештачката интелигенција ќе ги обучува подводните дронови да препознаваат нови закани за само неколку дена.

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА ВЛЕГУВА ВО ВОЈНА – САД со ново оружје против Иран
Фото: Принтскрин

Американската морнарица, преку нов договор со компанија за вештачка интелигенција, ќе користи напреден ВИ-софтвер за откривање на ирански мини во Ормускиот теснец, поставени по ескалацијата на конфликтот кон крајот на февруари.

Според информациите, компанија со седиште во Сан Франциско ќе помогне во забрзување на процесот на деминирање преку технологија што им овозможува на подводните беспилотни летала за само неколку дена да препознаваат нови типови мини.

„Пребарувањето мини порано беше задача за бродови и сега станува задача за вештачка интелигенција. Морнарицата инвестира во платформа што овозможува брзо обучување, управување и распоредување на ВИ, со темпо што одговара на предизвиците во овие критични води, каде што е загрозена глобалната трговија и безбедноста на морнарите“, изјави главниот оперативен директор Томас Робинсон.

Минатата недела, морнарицата додели договор вреден до 99,7 милиони долари за проширување на улогата на оваа ВИ-платформа во рамки на програмата „Забрзано машинско учење за поморски операции“ (АММО), чија цел е побрзо и попрецизно откривање на подводни мини, со намалена зависност од човечки ангажман.

CATEGORIES
TAGS
Share This