МИЦКОСКИ ПОРАЧУВА – Не можеме напред без вистината за 27 април

Тој оцени дека станува збор за политички монтиран процес од претходната власт.

МИЦКОСКИ ПОРАЧУВА – Не можеме напред без вистината за 27 април
Фото: Национал

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска изврши увид во реконструкцијата на Универзалната сала, при што беше прашан да ја коментира одлуката на Апелациониот суд во врска со случајот „27 април“.

Тој изјави дека, според негово мислење, станува збор за политички мотивиран процес од претходната власт, при што, како што рече, невини луѓе биле неправедно осудени како терористи. Сепак, додаде дека тие лица направиле одреден престап за кој требало да сносат одговорност.

Мицкоски изрази жалење што, како што наведе, дел од обвинителите и судиите денес сведочат за наводни наместени процеси, притисоци и уцени.

Според него, државата не може да напредува без одговор на две клучни прашања – како Катица Јанева повторно ги задолжила обвинителите од СЈО да вршат, како што рече, притисок врз граѓаните, и што е вистината околу случајот „27 април“. Тој нагласи дека останатите прашања треба да бидат оставени на правосудните институции.

CATEGORIES
Share This