ГОЛЕМ ПРЕСВРТ – Универзалната сала се враќа, познат датумот на отворање
Проектот ќе чини околу 20 милиони евра, обезбедени од Владата преку Министерството за култура.

Министерот за култура, Зоран Љутков, соопшти дека Универзалната сала во Скопје треба да биде завршена до крајот на 2027 година, а проектот ќе чини околу 20 милиони евра.
Тој истакна дека објектот ќе стане дел од програмата „Скопје – европска престолнина на културата 2028“. Според него, досега имало правни пречки и нејаснотии околу надлежностите меѓу Град Скопје и Министерството за култура, но тие проблеми се надминати, по што процесот продолжил.
Во моментов, Министерството за култура, преку Владата, е инвеститор на проектот кој се реализира по принцип „клуч на рака“. Љутков нагласи дека се обезбедени околу 20 милиони евра и повтори дека Универзалната сала конечно ќе биде завршена до крајот на 2027 година, со што скопјани ќе добијат значаен културен објект.
