КРАЈ НА ПРИКАЗНАТА – Салах одигра последен меч за Ливерпул
Се отвора дилема дали ова беше негов последен настап во црвениот дрес.

Мохамед Салах ја заврши сезоната поради повреда на тетивата, потврди директорот на египетската репрезентација Ибрахим Хасан.
Според неговите информации, Салах ќе отсуствува околу четири недели поради скината тетива, што значи дека го пропушта остатокот од сезоната. Тој додаде дека ова најверојатно бил и неговиот последен настап за Ливерпул, откако претходно најави дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.
Ливерпул до крајот на првенството го очекуваат дуели со Манчестер Јунајтед, Челзи, Астон Вила и Брентфорд во Премиер лигата.
Хасан истакна дека Салах ќе биде целосно подготвен за Светското првенство кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во Мексико, САД и Канада.
Египет на Мундијалот ќе настапи во Групата Г заедно со Белгија, Нов Зеланд и Иран.
